making-love-typing-machine

Зборови, чиниш ќе те отрујат ако не се соодветно искажани, а буквите чекаат да бидат правилно наредени по оној редослед кој вика дека зборовите и хартијата ќе водат љубов додека прстите ти создаваат цели светови,
исто како што една прегратка за некого може да биде цел свет.
Ладно е, и зборот може да ти ја стопли душата исто како што печката ја загрева просторијата во која се наоѓаш сега.
Со прегратките е поинаку, тие ем ти ја топлат душата, ем ти го греат телото, и плус ти не гушкаш само еден човек, ти гушкаш нешто што се вика дом, еден цел свет кој во моментот се испреплетува со твојот.
Прегратките треба да се множат, и колку е можно повеќе светови да се испреплетуваат, така можеби зимата и ќе помине побрзо и нема да чувствуваме огромен студ.
Додека хартијата и буквите ги испреплетуваат јазиците, се создаваат најубавите приказни, кои немаат крај.
Зборот нема крај,
А, ни оваа приказна не сака да заврши.
Не сака да има точка на завршетокот зошто за неа не постои крај.
Приказната никогаш не завршува, зошто е бесконечна, продолжува и после она „си живееја среќно до крајот на животот“ зошто животот завршил, но таа не.
Таа останала да раскажува за тоа колку среќен или несреќен бил животот, и уште колку нови животи дочекала и ним им обојувала животи.
Замислете ја како боенка во која боевте како деца, таа ти ги обојуваше вечерите кога ти ја раскажуваа додека беше испишувана во вашите животи, потоа ти ги обојуваше деновите кога после напорниот ден едвај чекаше да ја земеш во рака книгата која те галеше нежно претставувајќи го пред твоите очи некој свет, целосно различен, толку далечен, а сепак близок или можеби многу сличен на твојот…
Тоа е мајсторијата и магијата на тие листови кои ги држиш во рака, ти дозволуваат да запливаш низ страниците, да се изгубиш во нив, да нуркаш во морето од букви пронаоѓајќи бисери преточени во зборови.
И не се само обични зборови!
Туку зборови кои можат целосно да ти го променат животот, и целиот тек на твојата приказна, која ја испишуваш од моментот на своето раѓање, до бескрај.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s