avtori-bm

Горјан Петрески е најчитан македонски автор за деца, а Милијана Павловска за возрасни во библиотечната мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ за 2016 година…

иректорот на библиотеката Александар Пујовски денеска им ги додели плакетите на наградените на традиционалната средба со македонските автори.

– Нашите читатели се посветени проследувачи на книжевните вредности кои ги создаваат македонските автори. Оваа година имавме богата програма, се дружевме со познати и помалку познати автори, ги промовиравме наградените книги и одбележувавме важни настани од нашата македонска историја, рече Пујовски.

Тој најави дека во 2017 година ќе почне целосна реконструкција на библиотеката и додаде оти ќе настојуваат да се зголемува бројот на читатели и да се набавуваат најнови изданија на книги. Писателот Горјан Петрески, кој досега има објавено 30-тина книги, се осврна на своето творештво, кое е пред се за деца, но има дела и за возрасни.

– И друг пат сум го добивал ова признание, кое ми е многу драго затоа што сфатив дека читателите се уште ме сакааат и ќе настојувам таа љубов да остане и понатаму, рече Петрески.

Милијана Павловска пишува веќе десет години, а од 2010 година пишува романи. Досега ги има објавено романите „Скршени крилја“, „До последен здив“, „Две и пол сестри“, „На зајдисонце“, „Бури во срцето“ и „Скинат ѓердан“.

– Првпат добивам вакво признание и тоа од читателите. Тоа е нешто најдрагоцено, највредно затоа што те бираат оние кои го доживелае твоето дело на еден убав, емотивен начин кој ги исполнил, рече Павловска.

Гордана Андреева од бибилиотеката „Браќа Миладиновци“ им додели благодарници за успешна соработка во 2016 година на ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје и на наставничката Радмила Илиева-Стојановска, како и издавачаките куќи „Матица Македонска“, „Топер“, „Арс Ламина“ и „Сакам книги“.

Со свои стихови се претставија македонските поети Михаил Ренџов, Бранко Цветкоски, Иван Џепаровски, Виолета Танчева Златева и Виктор Јакимовски.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s