„Вероника реши да умре“ – Пауло Коејло

veronika_resi_da_urme

Пауло е еден од најпознатите писатели во светот и неговите книги се преведувани на 59 јазика на сите континенти.

„Вероника реши да умре“ оригинално е издадена во 1998 година, а кај нас е преведена неколку години подоцна.

Станува збор за Вероника која потекнува од Словенија која има 24 години и има сѐ што може да посака. И покрај тоа што води живот на нормална девојка на нејзина возраст излегувајќи по ноќни клубови, запознавајќи и забавувајќи се со привлечни мажи, сепак не е среќна, нешто ѝ недостига во животот. Затоа, на 11 Ноември решава да умре.
Откако ќе испие поголема доза на таблети за спиење, дознава дека ќе живее само уште неколку денови…

Посакува да умре и да се запознае со Господ или со она што се наоѓа таму некаде после смртта, без да претпостави дека Животот не сака да се откаже од неа прерано и да ѝдаде уште една шанса, таа веќе смисли како ќе ги помине последните минути од нејзиниот живот.
Решава да напише писмо помислувајќи на сите можни сценарија кога ќе ја пронајдат нејзините родители доколку си го одземеше животот на поинаков начин…
Нејзината пасивна страна како да исчезнува во „последните минути“, станува необично жива и почнува да ги слуша звуците кои доаѓаа од отворениот прозорец што гледаше накај плоштадот, па дури и момчето кое помина покрај прозорецот ја забележа и ѝ се насмевна мислејќи дека тој ќе биде последниот кој ја видел жива.

Се пробудува на место во кое не очекуваше дека ќе се најдеи тогаш почнуваат да се испреплетуваат емоциите кај неа и во нејзината глава се одигрува психолошка војна помеѓу реалноста, стравот, очекувањето и надежта, реакциите од останатите и борбата за опстанок која претходно ја беше напуштила.

Претходно соочена со нејзината претстава и замисла за тоа каква би ѝбила иднината, знаејќи дека нема да може да го промени светот многу млада одлучува да ја предаде битката и да се запознае со смртта. Но, смртта не ја сака, со тоа ќе се запознае во текот на целото нејзино преиспитување и закрепнување во болница…

Лабилната личност, пасивноста, чувството на тага и незадоволство од животот ја доведува до ситуација да си го преиспита одново целиот нејзин живот соочувајќи се сопствено измачување, себесожалување, самоомаловажување, срам од останатие кога ќе дознаат за нејзината постапка…

Некогаш работите не излегуваат онакви какви што сме ги замислиле, а случајот со Вероника кога решава да умре, е само потврда дека ако нешто не треба да се случи, нема да се случи колку и да посакуваме да биде спротивно..

Животот има свои начини за наградување и казнување, а дали Животот ја казнил или наградил Вероника одлучете сами.

И сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта. А нејзиниот избор, сепак е … останува да прочитате за да дознаете.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.