Ова е листата на најпродавани книги во „Три“ за изминатата година!
Имате некоја од овие во вашата домашна библиотека?
„Боенката за спокоен ум“ ја имам уште од почетокот на минатата година и топло ја препорачувам секому.
(Мит е дека возрасните не треба да бојат, дека боењето е само за деца! Боењето има терапевтска функција и ги ослобудва мислите и го релаксира умот и воедно целото тело поради зафатеноста во активноста која може да има дури и медитивна функција!)
„Луна“ има заземено почесно место на мојата полица и си го чека редот за да биде прочитана. (Секогаш им давам шанса на македонските автори, а Винка Саздова според мене е веќе докажана писателка и признавам дека сите нејзини претходни издадени книги ги имам прочитано во еден здив, безразлика што некој можеби не го бендисува начинот и стилот на пишување или има некоја негативна забелешка). На „Луна“ ќе  ѝдадам шанса како на сите претходни и знам дека нема да бидам разочарана ни овојпат.
„Шпионка“  од Коелјо и „Трофеј“ од Бејби мама Петрушевска се најнови и некако најмногу ми го привлекуваат вниманието, и секако дека и тие ќе бидат ставени на листата за читање.
Еве во продолжение слика од најпродаваните од ТРИ за 2016!
5f55dc93-b1b7-4d86-a8c1-84af3ba8a131

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s