Доколку и вие сакате да читате книги и притоа сакате да го искористите секој дел од денот кога имате слободно време во читање, тогаш сигурно сте запознаени со makedonika.mk, која претставува фондација која се состои од повеќе цели меѓу кои и:
– зачувување и негување на македонското литературно наследство
– поттикнување на читањето
– описменување на младите
– поврзување на дијаспората и малцинствата со татковината
– поттикнување на пишувањето и промоција на нови автори
– дигитализација и унапредување на образованието
– зачувување и негување на македонскиот јазик
– позиционирање на високо место во IT светoт и новите форми на образование.

Република.мк  пред речиси две години пишува за нивната апликација која е бесплатна и можете да ја симнете веднаш на вашите андроид апарати доколку го немате тоа направено.

Нова апликација на „Македоника“ за бесплатно читање е-книги

Македоника (www.makedonika.mk) ја лансираше новата апликација наменета за читање е-книги на сите уреди што работат на оперативен систем „андроид“.

Се работи за комплетно нова апликација што се развиваше цели 11 месеци со цел да биде една од најдобрите во светот. Новата верзија е многу побрза, постабилна, поинтуитивна,  со поквалитетен приказ на книгите и работи на сите таблети и смартфони со оперативен систем „андроид“. Во соработка со „Гугл“, беше тестирана на повеќе од 9.000 различни уреди.

Со новата апликација можат да се „читаат“ и сликовници, со што „Македоника“ е единствен е-читач од таков вид во светот.

За потсетување, базата на Македоника ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е-книги од сите жанрови и категории.

Бесплатната апликација „Македоника“ може да ја симнете тука.

На веб сајтот на Македоника пишува: „Книготеката Македоника е национална платформа за објавување е-книги и претставува проект од непроценливо национално значење за Македонците и за македонската држава.“

Доколку сакате подетално да се запознаете со нивната цел, со видот на книги кои можат таму да се прочитаат, и за проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“, посетете ја нивната веб  страна.

 

Дел од текстот е преземен од Република.мк  
(текстот не е спонзориран)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s