Исланѓаните имаат прекрасна традиција на дарување книги за Бадник. A откако ќе го примат дарот, остатокот од вечерта го поминуваат во читање. Оваа традиција е толку длабоко вкоренета во културата што токму поради неа и постои „Jolabokaflod“ (Божикен книжен пазар), кога обично се продаваат најмногу книги. Статистиките укажуваат дека во периодот од септември до декември на Исланд се продаваат поголем број наслови отколку во првите осум месеци од годината!

Во ова време на годината поголемиот дел од населението на Исланд  добива бесплатен каталог на новите публикации, наречен Bokatidindi. Така тие си ги избираат новите изданија кои посакуваат да ги купат. За разлика од некои други земји во светот, на Исланд издавачката дејност исклучително се почитува. Ретко кој го занемарува каталогот во поштенското сандаче. Ваквиот начин на купување се опишува дури и како срцевина на исландската издавачка дејност.

Овој мал нордиски остров, со население од 329.000 жители, е неверојатно начитан. Според податоците, Исланд има повеќе писатели, повеќе објавени и повеќе прочитани книги по глава на жител од која било друга земја на светот. Еден од десетмина Исланѓани во текот на својот живот сигурно ќе објави книга!

Книгите се неверојатно важни подароци на Исланд. Но самите Исланѓани не се ниту свесни дека тоа е толку единствено нешто! Тоа што тие си подаруваат книги за Бадник е редок обичај што не е присутен во ниту една друга земја. Тие се мошне горди на своите автори и сметаат дека читањето е исклучително значајна работа. А зимската вечер помината во топла соба, со книга во рацете, додека надвор снегот полека вее, навистина звучи како идила…

Текстот е преземен од kniga.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s