Во случај да ви се потребни книги за да станете подобра личност, еве што препорачуваат Индепендент.
Прочитајте во продолжение: 

Полица со книги во форма на човечки профил

2016 беше прилично луда година.

Променлива политичка сцена, висока смртност, загрижувачки климатски трендови и што уште не се демначите од кои единствено бегство би биле страниците на некоја добра книга.

Во продолжение ви споделуваме наслови што ги препорачува Индипендент и за кои смета дека можат да го извлечат најдоброто од секој од нас.

Молк од Ана Кендрик

Quiet од Susan Cain:

Оваа книга ќе ви помогне подобро да ги запознаете луѓето, бидејќи нуди одличен увид во интровертниот ум. На затворените ќе им овозможи подобро разбирање на нивното однесување, но исто така е препорачлива и за екстровертите, за да ја разберат другата половина од луѓето.

Scrappy Little nobody од Anna Kendrick:

Дебитантската книга на актерката Кендрик е збирка есеи зачинети со нејзиниот препознатлива чесност и со хуморот.

Корици од книги од Ноа Тревор и Џ. Д. Ванс

Книги што ги растегнуваат хоризонтите на светот:

Born a crime од Trevor Noah:

Trevor Noah има да каже многу интересни нешта – и не се сите поврзани исклучиво со ѓаволската состојба на американската политика. Born a crime е мемоар за животот на Noah во Јужна Африка во време на апартхејдот со мајка Коса (народност во ЈАР) и татко со швајцарско-германско потекло, во пост-апартхејд периодот во деведесеттите.

Hillbilly elegy од J. D. Vance

Оваа книга ви нуди поглед во животите на белата работничка класа во Америка. И покрај тоа што дејството е сместено во конкретно место, пораките што произлегуваат се универзални. Книгата е чесен приказ на универзалната борба за социјална мобилност, кршење на стегите и поголеми постигнувања од тоа што се смета за предодредено од судбината.

Книги од Берни Сандерс и Овен Џоунс

Книги за политичка наобразба:

The establishment од Owen Jones

Jones во својата книга се осврнува на улогата на политиката и начинот на кој коегзистира со големите бизниси, полицијата и медиумите. Книгата ќе ви помогне да разберете кои се вистинските непријатели и никогаш повеќе да не се насочи гневот на погрешно место.

Our revolution од Bernie Sanders

Во оваа книга, Сандерс на читателите им дава личен увид во кампањата за годинашните ретседателски избори во САД и за неговите политики за социјална револуција.

Книги од Мураками и Џон Ронсон

Absolutely on music од Haruki Murakami / Seiji Ozawa

Пред да стане писател, Murakami држел џез клуб во Токио, поради што целиот негов опус има многу џезија, во приказната, во ликовите, ритмот, зборовите. Оваа книга е разговор за музиката и креативноста помеѓу Murakami и светски познатиот диригент Seiji Ozawa.

So you’ve been publically shamed од Jon Ronson

Новинарот Jon Ronson ги каталогизирал најлошите случаи на јавно посрамување за нас, вклучувајќи ги и неговите искуства и размисли. Книгата се осврнува на човечката состојба и на разорната моќ на интернетот.

Книги Love wins и Underground railroad

The underground railroad од Colson Whitehead

Фикционален роман што ги следи сижејните линии на двајца робови кои се обидуваат да избегаат од памучните полиња во Џорџија преку подземна железница. Според критиката, книгата отвора многу непосакувани вистини.

Love wins од Debbie Cenziper / Jim Obergefell

Книгата обработува приказна за судски случај  и послеователната борба за граѓански права, во насока на легализирање на истополови бракови во САД. Партнерот на Obergefell умирал додека двојката патувала од Охајо во Мериленд, каде што истополовите бракови биле легални, додека службите во Охајо одбиле да го признаат нивниот брак, па и да издадат посмртница за починатиот партнер.

Текстот е преземен од: Факултети.мк

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s