Еве што ќе може да им читаат амбициозните родители на своите деца!

 книга

Американскиот писател Фредерик Колтинг и графичкиот дизајнер Мелиса Медина, кои воедно се и ко-основачи на издавачката куќа „Moppet Books“, неодамна прилагодија неколку книжевни класици за деца од 6 до 12 години, издавајќи илустрирани дела на Керуак, Артур Клар, Капоти и Хемингвеј во серијата наречена „KinderGuides“.
Авторите веруваат дека е добро да се поттикне интересот на децата за класичната литература уште од мали нозе.

Досега, за децата на возраст од 6 до 12 години во серијата „КinderGuides“ објавени се четири книги: „2001: Одисеја во вселената“, Артурр Клар, „Старецот и морето“, Ернест Хемингвеј, „На пат“, Џек Керуак и „Појадок кај Тифани“, Труман Капоти. За разлика од оригиналните класици, содржината е значително скратена, а книгите се богато илустрирани.

„Целта на нашиот проект беше да ги заинтересираме малите читатели за книжевните класици, а и постарите да ги поттикнеме да ја прочитат оригиналната верзија“, вели Колтинг.

Во подготовка се и уште две книги: „Да се убие подбивната птица“, Харпер Ли и „Гордост и предрасуди, Џејн Остин.

Намерата на авторите без сомнение е одлична, но детските психолози се запрашуваат дали детето треба да ги чита Керуак и Капоти, без оглед на тоа што делата се прилагодени за нивна возраст кога ни самите се’уште не знаат добро да читаат и пишуваат. Покрај тоа, тие потсетуваат на прекрасните и интересни книги за деца.

Интересно е тоа што Медин и Колтинг во Америка наишле на бројни амбициозни родители кои биле волни и на овој начин да вложат во образованието на децата уште од мали нозе, нудејќи им класика наместо „Црвенкапа“ и „Хари Потер“.

А што мислат децата?

Кур Хемер, професор по англиски јазик на Универзитетот Харпер вели дека неговата петгодишна ќерка Алис не е воодушевена со верзијата на Керуак од „KinderGuide“, и покрај тоа што од книгата се исфрлени проституцијата, дрогата и останатите делови несоодветни за детска возраст.

„За да ја сфатите смислата на книгата морате да бидете позрели“, смета Хемер.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.