#44

Advertisements

Библиоманија: Чудната историја на компулсивното купување книги!

Секој љубител на книги го знае чувството на претрупување со книги.

Кафе и книги

Секој љубител на книги го знае чувството на претрупување со книги. Секој од нас постојано купува книги кои ги додава на својата листа за книги кои сака да ги прочита. И така, ден по ден, книгите се насобираат, а се разбира ова е нешто со кое секој љубител на книги се гордее. Уживаме кога ќе ги погледнеме нашите прекрасни полици полни со книги и уживаме постојано да ги преуредуваме и да ги средуваме.

Но, дали знаете дека собирањето на книги порано се нарекувало „библиоманија“? Во продолжение ќе имате можност да прочитате една многу интересна приказна која излезе во „Гардијан“, која говори за историјата на библиоманијата и нејзиниот развој. Статијата е напишана од Лорејн Бери. Прочитајте го текстот на македонски јазик, а најдолу има линк кој ве води од оригиналната статија.

Во 19 век, собирањето книги станало многу вообичена работа помеѓу мажите, особено во Британија и се претворило во опсесија којашто еден…

View original post 1.264 more words

#43

Книжевен конкурс за млади автори

Конкурсот ќе биде отворен до 14 февруари, а право на учество имаат авторите на возраст меѓу 15 и 30 години кои пишуваат на јазиците на поранешните екс-ЈУ републики и јазиците на националните малцинства. Домот на млади од српскиот град Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори од земјите од поранешна Југославија да испратат свои дела … Продолжи со читање Книжевен конкурс за млади автори

Книга за месец Јануари

За овој месец ја избравме „Златното лале“ од Розалинд Лејкер во издание на „Матица“ „Златното лале“ е роман што уште со првите страници ќе ве одведе во тогашното холандско општество во златната ера на холандското сликарство во времето на Рембрант и Вермер, во кое се испреплетуваат уметноста, музиката, пасијата за одгледување лалиња, но и политичките … Продолжи со читање Книга за месец Јануари

#42

КНИЖЕВНА НАГРАДА ќе биде доделена од „Амазон“

Големата компанија за интернет трговија, „Амазон“, најави доделување на книжевна награда вредна 20 илјади фунти за автори кои своите дела ќе ги објавуваат на самоиздавачката платформа на „Киндл“.Според британскиот „Гардијан“, наградата наречена „Kindle Storyteller“ е отворена за сите автори кои објавуваат на англиски јазик, а ги опфаќа сите книжевни жанрови, белетристика и публицистика, лансирани на … Продолжи со читање КНИЖЕВНА НАГРАДА ќе биде доделена од „Амазон“

#41

Приказни за добра ноќ – Наталија Наумовска

Прочитајте ја книгата и оставете во коментар ваше мислење, многу ќе ми значи! Photo post. Source: Приказни за добра ноќ - Наталија Наумовска

Четири начини на кои книжевноста влијае на нашиот живот

Дали и вам ви е познато чувството кога на училиште мораше да прочитате задолжителна лектира? Некој роман од 19 век кој ви се чинеше непотребен, наспроти вистинскиот живот кој се случува некаде надвор. Ако го читате овој текст, веројатно одамна го надминавте сомнежот во вредноста и важноста на книжевноста. Сепак, и тие кои не се … Продолжи со читање Четири начини на кои книжевноста влијае на нашиот живот

Ацо Шопов – Трета молитва на моето тело

Време за рецитација! Сега е на ред Ацо Шопов Слушнете ја тука: https://soundcloud.com/lightnessindarkness/atso-shopovaco-sopov-treta-molitva-na-moeto-telotreta-molitva-na-moeto-telo Што си: девојка, жена, мајка? Што си ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи телото мое, молитвено што клечи. Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи. Што си: девојка, жена, мајка, што си? Што си ти … Продолжи со читање Ацо Шопов – Трета молитва на моето тело

Поле од памук

Чекорам по памук на меки полјани од бели пердуви, каде се среќаваме во мислите, и избледуваме за миг. Памукот од усните помек не е, ни поголем од жедта која во нив се крие, ни посладок од бакнеж на чело за добра ноќ кој шепоти тивки и нежни приспивни песни. Чекорам по памук, помек и од … Продолжи со читање Поле од памук

Апстрактна димензија

Лежам на постела од бел памук и го слушам отчукувањето на овој вулкан кој гори веќе цели две декади и три години, и со секое отчукување издишувам по некој спомен, и се прашувам што ли следно ќе вдишувам. Ноќите што биле заменети за ден заборавиле дека се темни, деновите мислат ја победиле ноќта, а таа … Продолжи со читање Апстрактна димензија

#40

#39

#38

Денес започнува традиционалниот Саем на книга во Матица!

Од денеска, 20 јануари, во книжарницата Матица ќе започне традиционалниот зимски саем на книга „Книга во секој дом“. Саемот на книга организан од Матица се одржува традиционално секоја година во зимскиот период на големо задоволство на сите љубители на пишаниот збор! Оваа година, Саемот на книга во Матица ќе трае од 20 – 31 јануари. … Продолжи со читање Денес започнува традиционалниот Саем на книга во Матица!