50 работи кои секоја девојка ги заслужува

Во овие 50 реченици е опишан совршениот човек кој го заслужува секоја жена!
А, тие што го нашле и го имаат покрај себе тој кој ги прави сите овие работи се најсреќните на цел свет. 🙂


1. Човек кој е искрен со неа, дури и кога вистината e остра.

2. Човек кој всушност вложува напори за да ги испланира излегувањата.

3. Човек кој прави таа да се чувствува убаво, дури и кога е настината во нејзините преголеми пижами.

4. Човек кој се фали со неа на сите негови пријатели затоа што вистински верува дека покрај себе ја има најпрекрасната жена на светот.

5. Човек кој испраќа слатки текстови за добро утро и уште послатки пораки за добра ноќ.

6. Човек кој никогаш не игра игри.

7. Човек кој гледа во нејзините очи (наместо во нејзиниот градник или неговиот телефон) кога таа му зборува.

8. Човек кој ќе ѝ пише порака за да биде сигурен дека стигнала дома безбедно.

9. Човек кој ќе ги третира нејзините родители, пријатели и нејзиното куче како сопственото семејство.

10. Човек кој дава повеќе отколку што добива во спалната.

11. Човек кој знае да готви (најмалку едно јадење).

12. Човек кој не се срами да плаче пред неа.

13. Човек кој нема ни да помисли на неверство.

14. Човек кој одвојува време за да биде со неа, дури и кога мора да го преправи својот распоред.

15. Човек кој ќе внимава на неа кога таа испила премногу.

16. Човекј кој ги помни малите работи.

17. Човек кој ѝдава масажа после долг и напорен ден.

18. Човек кој никогаш не заборава роденден или годишнина.

19. Човек кој го буди детето во неа.

20. Човек кој ѝ купува значајни наместо прескапи подароци.

21. Човек кој прави таа да се чувствува безбедно во врската.

22. Човек кој секогаш и секаде ќе ја придружува.

23. Човек кој ќе направи да се смее посилно одошто некогаш плачела.

24. Човек кој секогаш ќе ја подига кога таа се чувствува депресивно.

25. Човек кој ќе ја држи за рака (и ќе ѝ го допира бутот) во јавност.

26. Човек кој ја препознава нејзината вредност и ја потсетува на истата.

27. Човек кој силно посакува да ѝ се доверува само нејзе.

28. Човек кој за неа е физички и ментално атрактивен.

29. Човек на кој таа му верува и со кого споделува најдлабоки тајни.

30. Човек кој мисли дека сите нејзини „недостатоци“ се убави.

31.Човек кој прави таа да биде подобра жена.

32. Човек кој ќе ги извршува домашните обврски, за таа да не биде заглавена со работа.

33. Човек со кого ѝ делењето на тишината е пријатно.

34. Човек кој е нестрплив за да ја претстави пред своите родители.

35. Човек кој ќе направи таа да заборави на сите бивши.

36. Човек кој секогаш ќе се обидува да ја заведе дури и откако таа ќе му стане девојка.

37. Човек кој знае да ја утеши кога таа плаче.

38. Човек кој е спремен да ја слуша нејзината омилена музика и да ги гледа нејзините омилени серии, дури и кога не му се допаѓаат.

39. Човек кој ќе биде добар татко.

40. Човек кој ја сака поради нејзината личност, а не само поради убавината.

41. Човек кој мириса слатко.

42. Човек кој е спремен да направи компромис кога ќе се појават големи и мали несогласувања.

43. Човек кој ќе направи таа да верува во љубов повторно.

44. Човек со кој ќе имаат исти планови за иднината.

45. Човек кој ја смета нејзината среќа исто толку важна колку и неговата.

46. Човек кој обожава гушкање (речиси) исто колку што сака секс/

47. Човек со кој би разговарала до 2 часот после полноќ додека не пресушат темите за разговор.

48. Човек кој ја бакнува со страст.

49. Човек кој вели, „те сакам“ и го мисли тоа.

50. Човек кој е нестрплив/возбуден за да ја помине вечноста со неа.

 

Twenty20, chantz20071. A man that is honest with her, even when the truth stings. 2. A man that actually puts in the effort to plan dates. 3. A man that makes her feel beautiful, even when she’s sick or in her oversized pajamas. 4. A man that brags about her to all of his friends, because he genuinly believes…

via 50 Things Every Girl Deserves From Her Forever Person — Thought Catalog

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.