На нивниот настан на фејсбук издавачкиот центар ТРИ, го напиша следново:
Празнична магија во ТРИ

Денес (20.12) во книжарниците на ТРИ започна Зимскиот фестивал на книгата, кој веќе десет години ја носи најквалитетната книжевна понуда во овој празничен период!

Мотивот на годишниов фестивал е магијата на читањето – магија што се крие во книгите што ги објавуваме, меѓу нивните страници, ликови и места што нè носат на незаборавни патувања. Магија во која ние уживаме и која со радост ви ја пренесуваме.

Во периодот од 20 декември до 31 јануари книжарниците на ТРИ ќе бидат местата што ќе ги понудат највозбудливите и најактуелните книги од домашната и светската продукција по пристапни цени. Секој што ќе нѐ посети во тој период ќе има можност да ги погледне најновите наслови што ги подготвивме токму за ова издание на Фестивалот, да ги искористи големите попусти на сите изданија на македонски и англиски јазик и да го пронајде највпечатливиот подарок меѓу големиот број специјални новогодишни комплети кои ќе го заведат и најпребирливиот читател!

Читај и пренеси ја магијата на другите!

ТРИ

15542174_1638573676437082_1236563881541926969_n

Линк од фб настанот: Зимски фестивал на книгата

И еве нешто повеќе за настанот што ќе се  случува на 24 декември, каде ќе имате можност да се дружите со македонски автори.
Ова го пишува во нивниот опис:
Оваа сабота, како дел од Зимскиот фестивал на книгата кој секоја година се одржува во книжарниците ТРИ, ве покануваме на заедничко дружење со нашите омилени домашни автори: Коста Петров, Винка Саздова, Игор Џамбазов, Марија Јанеска, Весна Бејби Петрушевска и Владимир Ристевски.

Поттикнати од реакциите на нашите читатели, кои секојдневно ни ги испраќаат своите реакции и импресии од новата книга на Коста Петров – „Никој не рече дека ќе биде лесно “, организираме неформална, втора промоција, на која сите ќе имаат можност да добијат посветен примерок, лично да се запознаат и ги споделат своите впечатоци и искуства директно со Коста.

Во нашата книжарница, исто така, ќе имате можност да поразговарате и со Весна Бејби Петрушевска, чиј роман-првенец е еден од најпродаваните оваа есен; да дознаете дали Марија Јаневска подготвува нешто ново, да чуете некоја интересна животна приказна на неповторливиот шоумен Игор Џамбазов и лично да се запознаете со Владимир Ристевски, авторот на „Исповеди на еден психотичен ум“.

Ве очекуваме ова саботно претпладне да ја заокружиме уште едно поглавје со незаборавна дружба со нашите омилени автори.

15625934_10154827231464817_3158113220999431215_o

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s