Најпрво честитки за издавањето на книгата, а уште поголемо задоволство ми претставува што авторката не ми е само колешка по хоби (ако може така да се нарече нашето пишување и одржувањето на блог) туку и по проефесија, па можам слободно да изјавам дека иако не ја познавам лично јас сум среќна за нејзиното постигнување.
Книгата уште ја немам прочитано, но кога ќе имам можност ќе напишам и рецензија на блогот после читањето.
Станува збор за книгата На работ од времето (првиот дел од трилогијата Наследството на Вероника).
1-na-rabot-od-vremeto-kniga-koja-ima-mokj-da-go-sopre-vremeto-okolu-vas-da-ve-prenese-na-neochekuvani-mesta-i-da-ve-vpushti-vo-nezamislivi-avanturi-kafepauza-mk_

Писателката вака опишува дел од книгата:
Таа ќе мора да го напушти домот што долго време ѝ бил безбеден „затвор“, а потоа и градот, за да ја заштити својата тајна. Надвор, во старите градови, за кои била учена дека веќе не се населени, таа запознава група луѓе што ќе ѝ го срушат сето знаење за животот на човештвото. Вероника ја запознава другата, темна страна на новиот свет, доживувајќи непредвидливи авантури и соочувајќи се со сето она што сè до нејзината деветнаесетта година било криено од неа.

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации поврзани со книгата, веднаш посетете го нејзиниот блог каде има детален опис за што станува збор: Шарена Марсовка – блог

И тука на Кафе пауза има цела статија каде ќе можете уште еднаш да се запознаете со книгата пред да ја купите.
Во прва прилика јас јавно ветувам дека ќе си ја набавам, а вам доколку ви се допадна содржината и доколку сте заинтересирани да прочитате нешто ново, модерно, домашно и напишано од млад автор, што чекате?  

И за крај, да ѝ посакаме на Моника многу задоволни читатели и еден куп изданија и да продолжи да се дружи со перото 😉

2 thoughts on “На работ од времето – Моника Трајковска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s