35b6b1088c647028bd2db6e6c5733cad

Денешната мисија му се состоеше од набљудување на луѓето и нивните реакции кога ќе им се обрати за да ги праша како да стигне до одредена дестинација. Не беше сигурен што би можел да очекува, но се надеваше дека нема да се повтори истото искуство кога прашуваше за точно време.
Покрај него поминуваа две млади момчиња кои гласно си разговараа меѓусебно. Реши да ја види нивната реакција откако им го постави следново прашање: „Како да појдам до местото за разделби, испраќања и пречекувања?“, и се соочи со нивниот прашален поглед и зачуденост чиниш им зборува на туѓ и непознат јазик.
„Овој мора да се мрднал од умот“, си прокоментираа и го одминаа без да сфатат дека Ветерот ги прашува каде се наоѓа автобуската станица. На следните случајни минувачи им се обрати: „Извинете, како најблиску можам  да стигнам до првото место каде можам да најдам милиони напишани зборови на едно место? И овие се погледнаа чудно мислејќи дека Ветерот се шегува со нив и повторно го одминаа, без да го сфатат сериозно дека всушност мисли на првата најблиска библиотека.
„Навистина тешко им било да мислат на овдешните луѓе, или пак кога е во прашање странец воопшто не се ни трудат да ги активираат мозочните клетки“, си помисли Ветерот. Знаеше дека со овој принцип на прашување никогаш нема да го добие одговорот што го бара, освен понекој чуден поглед и неоснован коментар.
„Ајде, да не го губам повеќе времето, ќе се обидам за последен пат со следните кои ќе наидат“, си рече. Во неговиот правец фатени за раце се движеа една мајка и нејзиното четиригодишно дете, кога беа на пристојна оддалеченост, Ветерот им се обрати: „Извинете, сакам да ве прашам, каде се наоѓа местото каде што престојуваат најбезгрижните и најискрените, ми рекоа дека се наоѓало во близина?“
Мајката малку се збуни, и му рече: „Не ве разбирам точно, што сакате да прашате?“
И тогаш детето само додаде: „Мамо, па чичкото прашува за мојата градинка!“.
„Точно така, најблиската градинка ја барав, ви благодарам многу за помошта!, рече Ветерот со насмевка на лицето конечно задоволен што некој го разбра неговото прашање.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s