girlsuitcasegoodbyephotographysadalone-6fabf204c512de0ee81fc8a93526f739_h

Лежиш во топла соба слушајќи ги звуците на џез мелодијата додека дождот надвор ѝ објавува војна на земјата , а ти ги слушаш само мелодиите кои те потсетуваат на неа…
„Војна и мир е љубовта“, слушна во една песна, и не можеше повеќе да се согласи околу ова. Само те молам, немој да ѝ предизвикуваш немир! Доколку ѝ објавиш војна во љубовта, те предупредувам дека таа битка од почеток си ја изгубил. Зошто ти ќе бидеш поразениот, ранетиот и оној кој ќе пати. Знаеш зошто? Затоа што таа многу добро ги поднесува раните. Лузните кои ги носи со себе ја прават победник и без да војува. Најтешко е да се вљубиш во ваква девојка, зошто ќе те натера да се преиспиташ едно десет пати, ќе те натера да се плашиш да ја сакаш, а би требало да се плашиш дека можеш да ја изгубиш. Не дека некој друг ќе ти ја земе, туку дека самата ќе замине ако не се чувствува посакувано и сакано. Ако мислиш дека се плаши дека ќе те изгуби ти би требало да бидеш тој кој ќе се плаши да не ја изгуби, зошто знаеш и убеден си дека нема да најдеш никаде таква како неа, никаде и никогаш.
Ваквата девојка си ги пакува куферите нечујно и исчезнува од твојот живот како воопшто да не била од него дел, оставајќи зад себе траги кои никогаш нема да бидат избришани, дури ни во два живота.
Тоа ја прави силна и тешка за да ја сакаш, но силата нејзина треба да ја помножиш со твојата за да бидеш способен да останеш покрај неа.
Ако не си способен да задржиш силна девојка, ти си слабак. А, слабите момци се тие кои мислат дека девојката треба да се плаши за да не ги изгуби.
Силните се оние кои не дозволуваат да дојде до страв од загуба од ниедна страна затоа што знаат како да постапуваат и правилно да љубат. Сите правиме грешки, затоа и силните успешно ги надминуваат, додека слабите се оние кои се полни со сомнежи и со неможност да ги искажат емоциите, со повлекување во себе…
Силната девојка ќе ти ги каже слабостите, и тоа ја прави уште посилна, зошто смета дека ти ќе ја разбереш. Ќе ти ги каже и стравовите, ама тоа не ја прави плашлива, туку напротив, способна да ти пружи рака за заедно да ги победите сите стравови што постојат. Ќе ти ги каже нејзините планови зошто смета дека и ти би требало да си дел од нив, но доколку ти не ја гледаш како дел од твоите, тогаш нема многу што да размислува за да почне да те отстрани од нејзините. Не ѝ би била потребна посебна причина за да те засака, но верувај доволна ѝ е една клучна за да те избрише од животот толку лесно како што си влегол.
Не се плаши да сакаш силна девојка, зошто таа те прави слаб пред неа, а три пати посилен пред други. Плаши се да не ја изгубиш, зошто таквите како неа не се случуваат два пати.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s