35b6b1088c647028bd2db6e6c5733cad

Ветерот уште се навикнуваше на животот на Земјата, и не можеше да престане да се изненадува одново и одново. Тука не предизвикуваше невремиња, неговата сила и јачина беа многу намалени зошто имаше човечки облик, а кога ќе дојде време за напуштање на оваа планета, ќе се врати во првобитната и нормална форма.
Сега неговиот поход беше веќе почнат, а тој никогаш не бил поубеден дека неговата мисија ќе биде исполнета, иако уште не му беше позната во целост. Од неговата планета од каде што беше испратен, му рекоа дека треба сам да ја открие целта, дури и ако за тоа ќе му биде потребно повеќе време.
Сакаше да се запознае со сите земски нешта, со сите различни човечки суштества кои беа толку спротивни, а сепак толку исти и слични едни на други. Се заинтересира за времето и после експериментот сфати дека тука на Земјата особено во тој дел каде што беше стигнат, повеќе се сконцентрирани на себеси, егоистични и зафатени со своите мисли кои изгледа и ги измачуваа, зошто ретко можеше да сретне и да види некој насмеан човек. А, тие што се смееја и се обидуваа да ја задржат насмевката на лицето беа гледани како чудни и како дека „изгледа нешто им фали“, зошто драги мои, да бидеш среќен и да носиш насмев на лице денес да ти било најчудната работа на светот! Многу почудно е тоа што се чинеше дека разбирањето помеѓу луѓето како да исчезнало, нетрпеливоста како да нараснала, и непријателството како да си ги распослало куферите и никако не сака да си замине.
– Што чудна ќе беше оваа планета, рече Ветерот .
„И луѓето се чудни и ладни, и сѐ е некако сиво и студено, баш како зимата што доаѓа.“
Се прашуваше каде е грешката, што толку се случувало за да дојде до ова, а одговорите мораше да ги дознава трпеливо, чекор по чекор.
Реши дека ќе прави бебешки чекори додека да дојде до одговорот, и ќе го почитува тој договор. Првиот чекор го направи, се соочи со неколкумина, и тоа не му донесе ништо добро. Си рече дека ако тој не може да доживее убави работи тука на овој дел од Земјата, барем ќе се потруди да внесе минимална позитивна разлика во животите на оние со коишто ќе стапи во контакт.
Долг и напорен процес кој ќе го направи неговиот поход можеби и неподнослив, но вреден за да биде раскажуван.
Ветерот се најде во близина на една стара куќа околу која си играа неколку дечиња кои растрчуваа наоколу, и не беа свесни дека некој отстрана ги набљудува.
– Колку се само среќни кога уште не знаат што ги очекува, си помисли.
Не му беше потребно многу време за да ја сфати природата на луѓето, зошто и тој самиот беше сега претворен во еден од нив. Никогаш не ни помислуваше дека нему ќе му се падне таа улога, но тој ја имаше таа среќа или несреќа да живее одреден период како човек.
Се прашуваше зошто луѓето забораваат за момент да запрат и да бидат безгрижни како кога биле деца, но требаше да осети на своја кожа каков е светот на возрасните -суров и полн со грижи. Можеби тогаш ќе сфати зошто на оваа планета само децата се оние кои се радуваат искрено и не ги загрижува ништо.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s