35b6b1088c647028bd2db6e6c5733cad

Не доаѓаше ниту од Нептун, ниту од Сатурн. Доаѓаше од досега непозната планета за човештвото. Реши да ја посети Земјата и да се запознае со нејзините жители.
Не знаеше што го очекува на тоа за него непознато место, и беше страшно љубопитен за конечно да се запознае со некого. Налета на еден градинар. Си помисли дека среќата најпосле му се насмевна. Застана до градината и почна да ги разгледува растенијата кои градинарот внимателно ги полеваше со вода.
– Убави цвеќиња, му рече додека покажуваше со раката кон леата со шарени орхидеи.
Градинарот претходно не го забележа, па се сепна кога му го слушна гласот, зошто беше задлабочен во активноста која секогаш со уживање ја изведуваше.
– Убави се да, знаеш дека во нив имам вложено многу труд, време и внимание?
За да бидат вака убави мора внимателно да се огледуваат, му рече градинарот.
Ветерот затоа што беше од друга планета воопшто не знаеше како тука функционираат работите, а уште помалку знаеше дека и од неговиот вид останатите ветрови кои се настанати на Земјата допринесуваат за настанокот на цвеќињата за време на опрашувањето.
А, што доколку не би се одгледувале?, праша Ветерот видно заинтересиран за работата на градинарот и за тоа што тој го прави.
– Од таму од каде што доаѓаш, зарем нема цвеќиња? Инаку да, доколку не би се одгледувале, би биле осудени на пропаст и нема да пораснат овие тука, а додека оние природно кои растат се оставени во рацете на самата мајка природа.
Ветерот тргна да му одговори на прашањето, но беше изненаден од големата разлика помеѓу двете планети и наместо да му каже дека сега првпат се запознава со сѐ што ќе види на Земјата, почна да прашува уште како што прават малите деца кога ќе ги заинтересира некоја појава:
– Дали цвеќињата знаат да ти кажат дека се жедни и дека им треба вода? Како знаеш кога е време да ги засадиш, а кога да ги обереш? Како знаеш кој вид се и како да ги разликуваш? Како знаеш на кое цвеќе повеќе му одговара поголема светлина, а на кое помала?
Градинарот остана смирен и после толку прашања зошто не му беше чудно некој да се интересира за сето ова. Знаеше дека не можат сите да знаат подеднакво околу градинарството и некои луѓе помалку се интересираат од други. Но, овој Ветер не му беше познат, затоа и му даде само краток одговор:
– Тоа е долга приказна Ветеру, зад сите твои прашања стои наука која го проучува сето тоа. Се вика ботаника. И само ова е тоа што можам да ти го кажам, му рече градинарот.
– Очигледно дека тука било далеку покомплицирано отколку што си мислев, но тоа го прави престојот тука многу возбудлив, со висок, но смирен тон, Ветерот му се обрати и му даде знак дека ќе си оди.
Градинарот не сфати што точно мислеше Ветерот со ова, остана зачуден и изненаден од необичната посета.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s