35b6b1088c647028bd2db6e6c5733cad

Од студениот и силен ветар прозорите почнаа да се отвораат, звукот што го произведуваа беше застрашувачки чиниш пред тебе се одигрува сцена од хорор филм, а мракот надвор само допринесуваше за големиот ветер да изгледа силен и звучен баш колку што беше голем. Верувајте, поголем ветер немаше никаде, а вие сигурно немате ваков сретнато, но верувам дека и вас ве иритираат моментите кога некој ви продава ветар и магла. Зборувам за големиот ветер и за неговите страдања персонифицирајќи го до степен до кој можеби ќе изгледа бесмислено, но тоа на крај не е воопшто важно. Најважно е тоа што постои приказна за големиот ветер, која чека да биде раскажана. И знам дека ќе си го најде своето место, онаму каде што заслужува да се најде.
Ветерот никогаш нема да го видиш, ама можеш да го осетиш. Исто како и со љубовта. Исто како и со чувствата. Исто како и со сонцето. Не можеш да ги дофатиш, не можеш да ги допреш, но ги чувствуваш длабоко во себе, на себе и околу себе.
Недофатни се, а толку присутни. Така започнуваше приказната за големиот ветер, претставувајќи го како дел од хорор сцена, а тој беше толку нежен исто колку што беше груб. И можеше да направиш да се вртиш баш како што тој дува, и после тоа да зажалиш што си постапил така. Но, во природата на ветерот не стоеше дека тој некогаш зажалува, ама баш за ништо. Тоа го правеше голем и силен. Тој никогаш не се каеше што имаше сила да откорне дрвја или да ти ја наежи кожата кога ќе излезеш од вода на студен ветар. Имаше моќи на рушител, но и на градител. И покрај тоа, тој страдаше, што не го разликуваше од обичниот човек, иако не беше, ама како да беше. Кога ќе си го замислиш во човечка верзија, ќе ти текне само дека предизвикува бура каде и да се појави, ама и ја стопира, да во човечка верзија. Во машки род, зошто сепак е ветер, но вака персонифициран повеќе наликува на женски лик. А, ти како сакаш замисли го овој ветер, зошто ќе предизвика бура во секоја смисла. Предизвикува и бранови, предизвикува и поплава. Предизвикува бродолом. На овој или оној начин.
Страдањето на големиот ветер не е ништо ново. Само што овој ветер решил да се приближи поблиску, да ве допре милувајќи ви ја кожата и потоа тивко и неосетно да си замине, оставајќи траги, траги што ќе ги паметите вечно.
Да беше само похрабар од тоа колку изгледаше таков, немаше да страда. Но, што знаеме ние за страдање.
Овој ветер решил дека страдањето негово било дел од неговиот живот, но и избор кој можел да биде променет. И сега ќе се обидува да го промени тоа во секој еден дел од приказната составена во негово име. А, вака почнува првиот дел од неговата приказна.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s