master-your-mind

Денес се разбудив со желба за живот иако вчера мислев дека сум го допрела дното. И така секој ден се будам со желба да го променам светот, а претходната ноќ мојот свет чиниш некој со булдожер го срамнил со земја. Некогаш помислувам дека и Вертер може да ми позавиди, па после се предомислувам и мислам дека посреќен човек од мене нема. Тоа покажува колку сум колеблива, ама и одлучна. Како може истовремено и двете? Затоа што колку и да се колебам како се чувствувам во одреден момент, секогаш одлучувам дека заслужувам подобро, и секогаш одлучувам да верувам во себе. Знаете, вербата во себе може далеку да ве одведе, а јас ѝ дозволувам да ми го покаже вистинскиот пат.  Како би можела да бидам сигурна дека тој пат е вистински?
Сѐ додека одлучувам сама и своеволно ги преземам чекорите, сѐ додека го користам мојот ум и вложувам енергија и труд, знам дека ќе биде таков.
Кога би било поинаку, ќе го сменам правецот и повторно ќе го направам истото, додека не го пронајдам тоа по што сум тргнала.
И можам да најдам, ако побарам. И ќе побарам, ако сакам да најдам.
Некогаш пред да заспијам во мислите ми се појавува лик кој не го препознавам целосно.
Би сакала да знам зошто ми е толку познат, а не можам да се сетам каде сум го видела претходно. Мистеријата ми се шири во собата исто како што топлината од печката се шири во воздухот и ми ја загрева просторијава. Зениците ми се рашируваат и крвниот притисок ми се покачува, можеби поради кафето што го испив пред малку. Беше јако и горко, токму какво што ми требаше. Тоа добро си ја заврши улогата, а мојата улога за денес не ми е баш најсјајна. Впрочем, секој ден си доделувам различна улога во зависност од моменталното расположение. Меѓутоа, една улога секогаш останува иста, улогата на човек.
И таа ми помага да се разбудам со желба да го направам светот подобро место за живеење.
Сепак, заклучив дека улогата на човек останува најтешка.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s