a898b3e431a0f9178f52734985b59f2b

Не се крева прашина само зад добриот коњ, сега по ново зад секоја добра жена, прашина се крева. Сакам да ти ја раскажам приказната која го поткрепува ова тврдење, но знаеш, сигурно и ти си се сретнал со своја верзија од истава приказна, ама се работело за друга жена и за поинаков вид на прашина…
Меѓутоа, добра жена си е добра, во каква и да е смисла на зборот.
Секој има своја дефиниција за доброто во нешто. Додека се обидувам да образложам што сѐ е добро кај жената, подобро да го пренесам начинот на кој тоа може да се препознае, а тоа се чувствува со душата, се чувствува преку прегратка и се чита во нејзините очи.
Очите никогаш нема да ја скријат нејзината добрина, тие можеби скришно плачат кога никој не ги гледа, ама зениците не можат да престанат да се шират кога ќе го видат и не можат да престанат да светкаат кога се радосни.
Душата нејзина создадена од челик и памук истовремено, нема да може да те повреди иако нејзината била распарчувана и составувана. Само ќе ја чувствуваш твојата како се распаѓа ако ја повредиш нејзината.
И, не, добрата жена никогаш нема да оцрнува никој друг пред никого, а за неа веќе се напишале „романи“ од оние кои не можеле да ја поднесат нејзината добрина, од оние кои не знаат што да прават со своите животи и измислуваат триста други за туѓите, наместо да се занимаваат со сопствениот.
Прашината е ветар во грб за добрата жена, таа не може да ја собори, не може да ја поколеба, не може да ѝ ја извалка чистата душа. Од прашината што ја остава зад себе се хранат злобните усти, но никогаш нема да можат да ја достигнат нејзината големина затоа што се хранат од нејзината прашина.
Коњот не се врти назад за да види колку далеку стигнал, а добрата жена никогаш не се враќа назад во минатото за да ги поправа грешките.
Никогаш не се враќа ни кај она што ја скршило, но не го заборава.
Никогаш не заборава како стигнала таму каде што е, кој бил покрај неа и кој фрлал камења по неа правејќи прашина.
Не се врти назад, за да не ѝ влезе прав во око. За да има повеќе за гладните усти.
Кутрите, изгладнети, едвај чекаат да смислат нешто ново. Но, тоа ништо не ја допира, како никогаш што не ја допирало. Ако ја допирало, ќе се удавела во прашината.
Ова е мојата приказна за добрата жена зад која се крева прашина.
А, на злобните усти им останува само да изградат замок од прашината што таа ја остава зад себе…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s