crying-sky

Беше 06.08.2026 година кога Том реши да ја отвори душата и да ја сподели неговата тајна со својот пријател со кој се познаваа уште од мали нозе. Впрочем, тие беа многу блиски, но ја почитуваа интимата на другиот и премногу интимни работи никогаш си немаа споделено. Додека влегуваше во објектот за да појде на договореното место каде што Мајк го чекаше помина низ долгиот ходник кој водеше до огромна просторија полна со маси од стакло на кои можеше да си направиш нарачка само со допирање на неколку „копчиња“ која ќе биде готова за најмногу 15тина минути.  Кујната беше на средина и подеднакво одделена од сите маси, отворена и секој гостин можеше да види како му се подготвува храната. Келнерите само ги носеа јадењето и пиењето до обележаната маса без да одат кај секоја маса посебно за гостите да направат порачка, додека готвачите секогаш спремни, придружени од гладните погледи на посетителите го даваа својот максимум за да го подготват секое јадење најдобро што можат, притоа гледаа да бидат брзи, прецизни, а некои готвачи се обидуваа да им бидат интересни на гостите кои мошне трпеливо ја чекаа својата нарачка затоа што овој „ресторан“ беше познат по тоа дека секоја храна се подготвуваше за најмногу 15тина минути. Готвачите поминуваа долга обука која мораа да ја поминат успешно, да ги покажат своите способности и квалитет за да бидат примени, но и платите не беа за потценување. Ресторанот беше популарен надалеку, па често беше посетен и од туристи кои слушнале за неговото постоење.
Том замислено „проструи“ низ ходникот и не забележа ништо околу него, важно му беше само да стигне што побрзо за Мајк да не го чека предолго затоа што веќе каснеше.
Најбрзиот ресторан беше името на местото каде што требаше да се најдат и каде што Мајк го чекаше Том на веќе претходно резервираната маса. Влезе внатре, целиот замислен и задишан забележувајќи го неговиот пријател како е задлабочен во неговата „машина“ која беше истовремено и компјутер и телефон, но имаше и други дополнителни опции кои можеа да се користат ако го „надградиш“ затоа што секој електронски апарат кој почна да се произведува од 2020 натака имаше опција да биде надграден и внатрешно и надворешно секако со доплата на определена сума која кошташе различно во зависност од функцијата која се надградува.
Том седна на масата, со неколку клика влезе во менито на ресторанот, си ја направи порачката и дури тогаш Мајк го забележа и со доза на сарказам му рече: „Имево на ресторанов не ти одговара баш, ама ќе ти прогледам низ прсти сега.“
Том: Извини што почека, знаеш дека никогаш немам обичај да каснам, преголема гужва во сообраќајот.
Мајк: Нема да биде прифатено извинувањето додека не ми кажеш зошто вчера не ми одговори на повикот.
Том: Бев во сра*е, ете затоа. Не можам пријателе повеќе, морам да ти се отворам зошто веќе го губам разумот и не знам што понатака!
Мајк: Де бе, што се случило? Немој да ме плашиш!
Том: Знаеш, со Вероника во последно воопшто не ни оди, таа како да намирисува нешто, а јас не можам во очи да ја гледам.
Мајк: Што се зезна сега? Имаш вина или само таа си „намирисува“ без причина?
Том: Имам како не, да немав немаше вака да ми биде.
Мајк: Како можеше? Нели ти беше најмногу против тоа. Како се случи да отстапиш од ставот?
Том: Момент на слабост иако знам не ми е никакво оправдување. Нема оправдување за оваа работа брат, ако ѝ признам, засекогаш ќе ја изгубам. А, како да почнав да ја губам помалку. И разумот го губам веќе.
Мајк: Прво собери се, грешката си ја направил, нема веќе назад. Ако не планираш да ја повториш обиди се прво да си простиш себеси и направи сѐ за да не ја изгубиш, кој ќе те трпи ако се случи тоа.
Том: А, какво повторување. Оваа грижа што ме јаде полека  секогаш кога ќе ја погледнам или затворам очи била ужасна, не сакам да ми се зголеми затоа за повторување заборави.
Мајк: А, она дека ако нешто еднаш се случило ќе се случи пак мора да го побиеш и твојата волја за надминување на грижата на совест што те гризе да биде доволно голема за да докажеш дека стварно ја заслужуваш.
Том: Не ја заслужувам зошто ја изневерив. Најчистото ветување го прекршив, затоа ми е тешко во очи да ја гледам! А, тешко ми е што мислам дека не ја заслужувам кога толку ми значи.
Мајк: Кој признава и се кае, пола му се простува. Нема назад, а ако толку ти значела зошто дозволи да испаднеш слабак?
Том: Не знам ни јас. Едноставно после толкава количина испиен алкохол, малку и ми дадоа од „она“ за кое бев најголем противник, хормоните проработеа и толку фалело. А, каењето не ми помага, откако ти кажав, како малку да ми стана полесно.
Мајк: Се надевам нема да направиш непромислен потег! Што се случи вчера?
Том: Бевме заедно со Вероника. Откако се вративме од вечера појдовме во мојот апартман и не го очекував тоа, ме изненади…
Мајк: Што не очекуваше?
Том: Стана некако ладна, иако и за време на вечерата беше чудна, па кога стигнавме ми рече дека треба да разговараме.
Мајк: Како течеше разговорот?
Том: Ми рече дека сум ѝ бил чуден, имала чувство дека кријам нешто од неа и не сакам да ѝ кажам. Станала потполно сомничава со причина не велам не, ама како да знае што се случило, а не знам како е можно тоа.
Мајк: И, потоа?
Том: Ми рече дека требало повеќе да го ценам времето што го поминуваме заедно и нешто спомна околу забавата (на која не се сеќавам воопшто), ама бев толку во шок што не успеав да ги запаметам нејзините зборови.
Мајк: Зарем зад грб го направи тоа, и тоа додека беше таа присутна?
Том: Идиот сум знам, не мора да ме потсетуваш. И да, ама немаше шанси да видела и да дознае од некого.
Мајк: И ти што рече на тоа?
Tом: Секако дека не ѝ признав. Се обидов да звучам најубедливо, смирено ѝ кажав дека само нејзе така ѝ се причинува и дека не треба воопшто да се грижи.
Мајк: И после?
Том: Ми рече дека не ми верува. И дека никогаш нема да ми верува целосно како што ми верувала претходно.
Мајк: И ти што одговори на тоа?
Том: Ѝ реков дека е нејзин избор, дека не можам да ја уверувам во ништо и дека ако не ми верува тоа ништо добро нема да ни донесе.
Мајк: Кога излезе ситуацијата од контрола?
Том: На мојот одговор не одговори ништо. Замолчи. Веројатно очекуваше дека ќе ја гушнам и ќе ѝ речам дека мене секогаш може да ми верува и нешто романтично и ќе ја поправам ситуацијата на поинаков начин, ама јас постапив така како што ми дојде.
Мајк: Значи стварно си скот! Сигурно тоа не го очекувала, очекувала да ѝ кажеш затоа што најверојатно знае.
Том: Нема шанси. Од каде би дознала?
Мајк: Зар толку си наивен­? Во денешно време и покрај овие технолошки предности? Не ми се верува колку си заостанал, не сме веќе 2000!
Том: Не ми помагаш воопшто. Како да го преболам ова?
Мајк: Или ќе го преболиш ова или ќе мораш нејзе да ја преболуваш.
Том: Не ми се верува. Двата избори се тешки, ама првиот е попосакуван.
Мајк: Значи, се случува да се направат грешки. Нели рековме никогаш нема да ја изневериме таа што вистински ја сакаме? Како да не се сеќаваш на нашата заклетва на моето полнолетство, тоа само ти се чудам, ама се обидувам да те разберам.
Том: И тие што не сум ги сакал не сум ги изневерил на овој начин. Проклет да сум!
Мајк: Не си помагаш на самиот воопшто. Мораш трезен да размислуваш. Мора да ги поправиш работите ако не сакаш да ја изгубиш.
Том: Откако бев скот? Многу лошо е чувствово брат, ќе ми требаат недели за да се соземам.
Мајк: Само прости си прво на себеси. Дискутабилно е дали таа ќе ти прости. Најпрво тоа за да ти биде полесно, а понатака не можам да ти се мешам освен да те посоветувам да не избрзуваш и да ја поправиш работата како што умееш!
Том: Ќе се обидам. А, најмалку заслужуваше таа, зошто си дозволив ова да го направам?
Мајк: За да си ја научиш лекцијата. И да не ти се повтори!
Том: Тоа сигурно. Лекцијата научена, ама со пустош во мисливе и мака во душава. И илјада жени не можат да ја заменат, а јас за 15 минути ја заменив со една речиси пред нејзини очи.
Мајк: Ќе помине. Само чувај ја сега сто пати подобро од претходно за да не се посомнева воопшто, оти ќе нае*еш гадно. Паметна е, жена одма може да почувствува промена кај човекот што го љуби.
Том: Верувам, а знаеш дека отсекогаш си ги имал вистинските зборови кога ми биле потребни?
Мајк: Тоа е работа на пријателите, брате.
ТомДа не те знаев од мали нозе ќе беше многу зафркнато. Ќе немаше кого да го трујам со моите исповеди.
Мајк: Ти малку си ме ислушувал. Редно било да ги смениме улогите малку.
Том: Имаш право. Ќе си ги поправам грешките. Ќе ја поправам работата и продолжувам понатаму. Има да биде најсаканата жена на светов. Иако и претходно беше, ама како да не знаев да ѝ го покажам тоа.
Мајк: Го сакам тој став! Верувам во тебе. И верувам дека сѐ ќе се среди.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s