acv_logo

Мора да се слушне, мора да се уважи, зошто останува само ехо, една музика на која никој не може да ѝ го чуе звукот. Ако не се слушнеш, не прекинувај да зборуваш, делата нека бидат погласни од твојот глас…Ако никој не го уважува твојот глас, не молчи, бори се.
Твојот глас еден од низата останати, ако се спојат го создаваат гласот на народот, а верувај тој е најгласен. Еден збор можеби нема да отвори железна врата, ама илјадници гласови споени можат да скршат уште толку врати. Не се плаши да го кажеш тоа што го мислиш, барем имаш свое мислење и размислуваш со своја глава. Не се плаши дека ќе останеш нечуен, твојот глас ќе стигне токму на вистинското место баш во право време.
Силата која ја поседува е суштинска, а ти ја контролираш таа сила и е во твои раце!
Не дозволувај никој да ти ја одземе, не ја губи контролата!
VOX POPULI е најголемата „моќ“ што ја имаат човечките суштества, впрочем без користење на гласот ние би биле никој и ништо. Би биле нешто доколку наместо за омраза и клеветење, гласот би се употребувал за повисоки цели, а тие цели се менуваат со текот на времето, а пак остануваат исти. Потрагата по среќа и подобар живот постои уште од антички времиња, а денес сето тоа е измешано, па се трага по пари и богатство мислејќи дека тоа го прави животот подобар, а кутрите не знаат дека тоа е најголемата грешка..
Трагајќи по нив, подзабораваат на скромноста, културата, чесноста, почитта, вредноста на малите нешта и ситниците кои ти го прават денот поубав.
Каде брзате и каде сте залутале без да се слушне вашиот глас и да подзастанете да чуете туѓ?
Каде ќе стигнете ако брзате и постојано се грижите?
Каде со грижите кога нема да ве одведат никаде?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s