Убаво е кога…

kindness

Убаво е кога после напорниот ден има некој што те чека да се вратиш дома и да му раскажеш што ти се случувало во текот на денот.
Убаво е кога си во целосна хармонија со себе и знаеш дека не ти треба многу за да бидеш задоволен.
Убаво е кога ти се исполнуваат желбите што си ги посакал.
Убаво е кога работиш на остварување на твоите планови.
Убаво е кога знаеш дека твојот труд што го вложуваш еден ден некако ќе се исплати.
Убаво е кога знаеш дека си многу важна или најважна личност во нечиј живот.
Убаво е кога можеш да се радуваш на туѓ успех баш како на сопствен.
Убаво е кога имаш луѓе во твојот живот што се радуваат на твоите успеси како на свои.
Убаво е кога од нешто ќе направиш нешто поинакво и оригинално.
Убаво е кога ја користиш твојата имагинација на правилен начин.
Убаво е кога ќе легнеш да спиеш на најудобната перница што се вика „чиста совест“.
Убаво е кога постои некој со кој ќе можете да останете будни цела ноќ разговарајќи за сѐ што ќе ви падне на памет.
Убаво е кога некој ќе те потсети дека му значиш со некаков малечок гест.
Убаво е кога некој ќе ти стави до знаење дека мисли на тебе на било каков начин.
Убаво е кога имаш некој покрај кого можеш да бидеш потполно свој.
Убаво е кога лежиш на мека постела и баш пред да заспиеш почнува да паѓа дожд и ти заспиваш со звукот на капките кои формираат посебна мелодија.
Убаво е кога имаш повеќе од една причина за да се разбудиш и да го прегрнеш новиот ден.
Убаво е кога веруваш во себе и покрај многуте препреки кои се обиделе да ти го направат патот до целта потежок.
Убаво е кога не се откажуваш од нештата кои си ги наумил.
Убаво е кога можеш да им помогнеш на твоите родители кога им е потребна помош.
Убаво е кога ќе бидеш љубезен кон некого и без некоја посебна причина, чисто бидејќи имаш култура.
Убаво е кога знаеш дека твоите добро те воспитале и те научиле на вистинските вредности во животот.
Убаво е кога си потполно свесен за своите квалитети и недостатоци и истите ги прифаќаш и ги користиш како адути.
Убаво е кога после долго време ќе ги посетиш баба ти и дедо ти во село кои едвај чекале да те видат.
Убаво е кога некој ќе ти се јави само за да ти го слушне гласот и да праша како си.
Убаво е кога сакаш да ги гледаш другите насмеани, а уште поубаво е кога ти си причина за нечија насмевка.
Убаво е кога некој ќе рече дека некоја ситница го потсетила на тебе.
Убаво е кога шеташ во парк и ги гледаш клупите полни и околу тебе луѓе од сите генерации.
Убаво е кога ќе можеш да уживаш во убавините на денот ослободен од секакви грижи.
Убаво е кога ќе го почнеш денот рано и ќе ти трае долго како да поминале два дена.
Убаво е кога имаш пријател од детството и при секоја ваша средба како времето да застанало.
Убаво е кога имаш сестра или брат затоа што знаеш дека така никогаш нема да бидеш сам.
Убаво е кога ќе му го слушнеш гласот кога е поспан затоа што тогаш звучи проклето секси.
Убаво е кога некој ти покажува и докажува дека ти си му последна мисла пред да заспие и прва кога ќе се разбуди.
Убаво е кога знаеш дека твоето внимание кое го посветуваш некому е ценето.
Убаво е кога го правиш она што ти причинува задоволство.
Убаво е кога ги читаш овие редови и се насмевнуваш во себе затоа што се согласуваш со секој прочитан збор.
Убаво е кога некој ќе ти предизвика насмевка неочекувано.
Убаво е кога можеш да се допреш до некого без воопшто физички да го допреш.
Убаво е кога можеш да кажеш дека си горд на себе.
Убаво е кога си возбуден за некој настан што следи, а за тебе е премногу значаен.
Убаво е кога можеш да си ги контролираш емоциите.
Убаво е кога знаеш дека можеш да постанеш подобар од претходно.
Убаво е кога знаеш дека твоите родители се горди на тебе.
Убаво е кога знаеш дека после долго патување некој некаде те чека да се вратиш.
Убаво е кога си ја пушташ омилената песна и ѝ се препушташ на музиката.
Убаво е кога можеш да си ја отсвириш својата омилена песна на некој музички инструмент.
Убаво е кога твојот ден ќе биде комплетен.
Убаво е кога твоето присуство некому му го прави денот поубав.
Убаво е кога знаеш дека љубовта и среќата со пари не се купуваат.
Убаво е кога знаеш дека здравјето нема цена и нема поголем благослов од тоа да бидеш здрав.
Убаво е кога им посакуваш на другите да бидат здрави, среќни и љубени.
Убаво е кога сакаш да направиш, но и правиш барем мала, но позитивна промена во светот.
Убаво е кога сакаш да делиш искрени комплименти.
Убаво е кога повеќе го цениш внатрешното и духовното отколку надворешното и материјалното.
Убаво е кога можеш да уживаш во времето поминато сам со себе затоа што знаеш дека е квалитетно потрошено време.
Убаво е кога го пиеш првото кафе во денот во релаксирана атмосфера.
Убаво е кога знаеш дека некому му претставуваш инспирација.
Убаво е кога можеш да кажуваш шеги на сопствена сметка, но и да не ти смета кога другите се шегуваат на твоја сметка.
Убаво е кога ќе сфатиш дека вистинските луѓе се покрај тебе, оние кои биле лажни заслужено си заминале од твојот живот.

Посакај си убави нешта за да ти се случуваат само такви!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.