kindness

Убаво е кога после напорниот ден има некој што те чека да се вратиш дома и да му раскажеш што ти се случувало во текот на денот.
Убаво е кога си во целосна хармонија со себе и знаеш дека не ти треба многу за да бидеш задоволен.
Убаво е кога ти се исполнуваат желбите што си ги посакал.
Убаво е кога работиш на остварување на твоите планови.
Убаво е кога знаеш дека твојот труд што го вложуваш еден ден некако ќе се исплати.
Убаво е кога знаеш дека си многу важна или најважна личност во нечиј живот.
Убаво е кога можеш да се радуваш на туѓ успех баш како на сопствен.
Убаво е кога имаш луѓе во твојот живот што се радуваат на твоите успеси како на свои.
Убаво е кога од нешто ќе направиш нешто поинакво и оригинално.
Убаво е кога ја користиш твојата имагинација на правилен начин.
Убаво е кога ќе легнеш да спиеш на најудобната перница што се вика „чиста совест“.
Убаво е кога постои некој со кој ќе можете да останете будни цела ноќ разговарајќи за сѐ што ќе ви падне на памет.
Убаво е кога некој ќе те потсети дека му значиш со некаков малечок гест.
Убаво е кога некој ќе ти стави до знаење дека мисли на тебе на било каков начин.
Убаво е кога имаш некој покрај кого можеш да бидеш потполно свој.
Убаво е кога лежиш на мека постела и баш пред да заспиеш почнува да паѓа дожд и ти заспиваш со звукот на капките кои формираат некаква мелодија.
Убаво е кога имаш повеќе од една причина за да се разбудиш и да го прегрнеш новиот ден.
Убаво е кога веруваш во себе и покрај многуте препреки кои се обиделе да ти го направат патот до целта потежок.
Убаво е кога не се откажуваш од нештата кои си ги наумил.
Убаво е кога можеш да им помогнеш на твоите родители кога им е потребна помош.
Убаво е кога ќе бидеш љубезен кон некого и без некоја посебна причина, чисто од култура.
Убаво е кога знаеш дека твоите добро те воспитале и те научиле на вистинските вредности во животот.
Убаво е кога си потполно свесен за своите квалитети и недостатоци и истите ги прифаќаш и ги користиш како адути.
Убаво е кога после долго време ќе ги посетиш баба ти и дедо ти во село кои едвај чекале да те видат.
Убаво е кога некој ќе ти се јави само за да ти го слушне гласот и да праша како си.
Убаво е кога сакаш да ги гледаш другите насмеани, а уште поубаво е кога ти си причина за нечија насмевка.
Убаво е кога некој ќе рече дека некоја ситница го потсетила на тебе.
Убаво е кога шеташ во парк и ги гледаш клупите полни и околу тебе луѓе од сите генерации.
Убаво е кога ќе можеш да уживаш во убавините на денот ослободен од секакви грижи.
Убаво е кога ќе го почнеш денот рано и ќе ти трае долго како да поминале два дена.
Убаво е кога имаш пријател од детството и при секоја ваша средба како времето да застанало.
Убаво е кога имаш сестра или брат затоа што знаеш дека така никогаш нема да бидеш сам.
Убаво е кога ќе му го слушнеш гласот кога е поспан затоа што тогаш звучи проклето секси.
Убаво е кога ти става до знаење дека ти си му последна мисла пред да заспие и прва кога ќе се разбуди.
Убаво е кога знаеш дека твоето внимание кое го посветуваш некому е ценето.
Убаво е кога го правиш тоа во кое уживаш правејќи го.
Убаво е кога ги читаш овие редови и се насмевнуваш во себе затоа што се согласуваш со секој прочитан збор.
Убаво е кога некој ќе ти предизвика насмевка неочекувано нели?
Убаво е кога можеш да се доближиш до тој што те чита на интересен начин.
Убаво е кога можеш да кажеш дека си горд на себе.
Убаво е кога си возбуден за некој настан што следи, а за тебе е премногу значаен.
Убаво е кога можеш да си ги контролираш емоциите.
Убаво е кога знаеш дека можеш да постанеш подобар од претходно.
Убаво е кога знаеш дека твоите родители се горди на тебе.
Убаво е кога знаеш дека после долго патување некој некаде те чека да се вратиш.
Убаво е кога си ја пушташ омилената песна и ѝ се препушташ на музиката.
Убаво е кога можеш да си ја отсвириш својата омилена песна на некој музички инструмент.
Убаво е кога твојот ден ќе биде комплетен.
Убаво е кога твоето присуство некому му го прави денот поубав.
Убаво е кога знаеш дека љубовта и среќата со пари не се купуваат.
Убаво е кога знаеш дека здравјето нема цена и нема поголем благослов од тој да бидеш здрав.
Убаво е кога им посакуваш на другите да бидат здрави, среќни и љубени.
Убаво е кога сакаш да направиш барем и мала, но позитивна промена во светот.
Убаво е кога сакаш да делиш искрени комплименти.
Убаво е кога повеќе го цениш внатрешното и духовното отколку надворешното и материјалното.
Убаво е кога можеш да уживаш во времето поминато сам со себе затоа што знаеш дека е квалитетно потрошено време.
Убаво е кога го пиеш првото кафе во денот во релаксирана атмосфера.
Убаво е кога знаеш дека некому му претставуваш инспирација.
Убаво е кога можеш да кажуваш шеги на сопствена сметка без да си се налутиш сам на себе. 🙂
Убаво е кога ќе сфатиш дека вистинските луѓе се покрај тебе, оние кои биле лажни заслужено си заминале од твојот живот.
Убаво е кога ти текнува на многу убави причини поради кои може да биде убаво.
Убаво е кога уживаш да пишуваш за тие причини и така можеш до бескрај.
Посакај си убави нешта за да ти се случуваат само такви!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s