Записите за Џозефина – Наталија Наумовска

Photo post. Source: Записите за Џозефина - Наталија Наумовска

Љубов за младоста

Тодор отсекогаш го привлекуваа разговорите со дедо му, па секогаш наоѓаше начин да започне конверзација затоа што знаеше дека дедо му е полн со мудрости и дури и од најобичниот разговор можеше да се научи нешто. Само што се врати од дневна прошетка, го забележа дедо му седнат на старата фотелја од која не се … Продолжи со читање Љубов за младоста

VOX POPULI

Мора да се слушне, мора да се уважи, зошто останува само ехо, една музика на која никој не може да ѝ го чуе звукот. Ако не се слушнеш, не прекинувај да зборуваш, делата нека бидат погласни од твојот глас...Ако никој не го уважува твојот глас, не молчи, бори се. Твојот глас еден од низата останати, … Продолжи со читање VOX POPULI

Лагата победи, а таа одлучи да ѝ ја предаде битката

Ја лажеше, постојано и неуморно. Секој збор што го изговараше беше лажен, а таа се правеше дека му верува. Чекаше да види до кога, замижуваше и прогледуваше низ прсти, но и прстите се уморија од толку прогледување низ нив. Не сакаше да ја играат, почна да ја игра неговата игра и секоја лага ја поземаше … Продолжи со читање Лагата победи, а таа одлучи да ѝ ја предаде битката

Хаику поезија (13)

Шарен лист во око, студот во црна душа заледува пак. Топол камин тлее срцето појако грее во глувата ноќ. Шарен лист во око, полиња со надежи ќе цутат вечно.

Записите за Џозефина (97)

Собери ги сите насмевки на светот помножи ги со шесттоцифрени бројки додади ги најубавите желби и подели им ги на најтажните. Ова длабоко го посакуваше. Сакаше да не постојат тажни погледи, солзи, болка и крвопролевање. Мислеше дека со нејзината „мисија“ за откоренување на тагата ќе се решат сите проблеми што постојат и што можат да … Продолжи со читање Записите за Џозефина (97)

Записите за Џозефина (96)

Среќен е тој што ѝ го прати чекорот и неговиот чекор е следен од нејзиниот, среќен е тој што ѝ го чува грбот и што ги вади ножевите од него. Нема посреќна девојка од неа, истовремено и потажна, нема посилна девојка од неа, истовремено и најслаба. Среќен е тој што ги бакнува нејзините усни и … Продолжи со читање Записите за Џозефина (96)

Разговор помеѓу вистината и лагата

Вистината: Зошто постоиш како моја спротивност? Лагата: Затоа што ти тогаш не би била вистина. Вистината: Како ги манипулираш луѓето, и ги доведуваш во заблуда, ти си злобна! Лагата: Викаат ми биле куси нозете, ама затоа јазикот ми е предолг! Вистината: Браво што си признаваш. Но, нема да ти опростам за сите лажни надежи што … Продолжи со читање Разговор помеѓу вистината и лагата

Ако не постои утре

Ќе можеш ли да речеш дека доволно живееше? Поларитетите како два различни краја на една димензија како да служат за ограничување на можностите и опциите, отсекогаш ми изгледало така. Како да не смее да постои нешто измеѓу, како тоа што е измеѓу некогаш делува чудно. Или премалку, или премногу. А, што ако речеме доволно долго … Продолжи со читање Ако не постои утре

Продавачот на костени и неговото куче

Секојдневно мораше да пешачи добри 7км за да стигне до градот на местото каде ги продаваше своите печени костени. Мораше да се разбуди уште во 5 часот за да тргне кон градот затоа што требаше да помине добар час и половина во чекорење. Токму пред 7 часот тој си ја местеше својата опрема и веќе … Продолжи со читање Продавачот на костени и неговото куче

Разговор помеѓу сонот и јавето

Јавето: Ох, колку сакам кога поради мене луѓето не можат да заспијат затоа што сум им поубаво од тебе! Сонот: Не заборавај дека некогаш едвај чекаат да потонат во мене за да заборават на тебе барем неколку часа. Јавето: И што, тоа не те прави поубав од мене. Сонот: Не се ни трудам да бидам … Продолжи со читање Разговор помеѓу сонот и јавето

Со други зборови

Песна од измешани букви чиниш е салата од зборови, со скриени мисли и неодгатнати пораки. А, што ако се само празни редови? Зборовите ако не се салата, туку цело парче леб од кое желудникот се храни, а мозокот од нив се полни. Тешко е да пишуваш со празни зборови, но тие некогаш најмногу вредат... Бегам … Продолжи со читање Со други зборови

Убаво е кога…

Убаво е кога после напорниот ден има некој што те чека да се вратиш дома и да му раскажеш што ти се случувало во текот на денот. Убаво е кога си во целосна хармонија со себе и знаеш дека не ти треба многу за да бидеш задоволен. Убаво е кога ти се исполнуваат желбите што … Продолжи со читање Убаво е кога…

Разговор помеѓу срцето и разумот

Срцето: Зошто речиси секогаш си во право? Разумот: Сега пак грешиш. Во некои ситуации и јас знам да згрешам. Срцето: Како на пример? Разумот: Да не те послушам кога знам дека си во право. Срцето: Јас пак не можам да си опростам што не те слушам кога ми велиш да бидам искрено кон себе. Разумот: … Продолжи со читање Разговор помеѓу срцето и разумот