charlie
Насмевка

Момчето кое никогаш не можеше да биде видено без насмевка го нарекуваа „бисер“. Сите го обожаваа и уживаа да бидат во негово присуство без да забележат што крие неговата бисерна насмевка. Не дозволуваше да го „прочитаат“, мразејќи да објаснува што не е во ред реши тажното лице никому да не го покажува, зошто се увери дека никој немаше да го праша зошто се смее.
Бидејќи сите ги заразуваше со неговата насмевка која изгледаше толку среќно никому не му паѓаше на памет да го праша поради што тој изгледа толку среќен. Некои му завидуваа мислејќи дека нему му течеа мед и млеко, а некои мислеа дека тотално „побудалел“ штом е постојано насмеан.
Вистината беше дека таа блескава насмевка криеше во себе многу тага.
Најубавите насмевки се скршени и полни со приказни позади нив каква што беше и неговата.
Најубавите приказни се раскажувани со насмевки.
Најубавата приказна наречена живот за него криеше многу тајни и изненадувања кои допрва го очекуваа. Ќе ја доживее огромната среќа која толку нескромно ја делеше со другите некогаш и несвесно.
На многумина им значеше неговото присуство кое беше многу пријатно, на многумина им недостигаше бисерната насмевка кога тој не беше наоколу.  

Покрај сѐ што му поклонил и одзел животот, сега тој му должеше многу.
Тој ги даруваше сите останати со насмевки додека душата му плачеше, па сега време е да биде награден на начин на кој само животот знаеше да наградува.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s