josephine

Не ѝ беше потребна шминка за да изгледа убаво,
потребна ѝ беше само добра волја
и жед за љубов
како и жед за љубов кон животот.
Со тие две работи можеше карпи да поместува.
И беше семоќна во тој поглед.
Во нејзиното битие толку љубов беше збрана,
што и за два живота ќе ѝ беше доволна.
Во претходниот живот сигурно била божица на љубовта,
и се шегуваше дека требало да ја крстат Афродита,
но името Џозефина совршено добро одговараше на нејзиниот карактер,
„пораст“ значеше, а се вклопуваше и во приказната за порастот на љубовта
и за секој нејзин чекор кој придонесуваше за пораст на нејзиното битие
на еден позитивен и подуховен начин.
Среќни беа тие што ја познаваа вистинската Џозефина,
иако таа секаде беше иста,
среќни беа тие што ја имаа во нивните животи,
иако таа беше дел од сечиј живот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s