download

Да најдеш некој покрај кого ќе бидеш потполно своја без да бидеш критикувана.
Да најдеш некој кој би дал сѐ за да те гледа насмеана и прави сѐ за да ја задржи насмевката на твоето лице.
Да најдеш некој кој би сакала да го гледаш насмеан дури и кога не е покрај тебе.
Да најдеш некој кој ќе те почитува како што заслужуваш, како и ти него.
Да најдеш некој кој ќе го почитува твоето време и ќе се труди да поминувате квалитетно време заедно.
Да најдеш некој кој ќе биде отворен и искрен, некој кој не се плаши да ги искаже своите чувства.
Да најдеш некој кој не е себичен и кој мисли само за свои потреби, некој кој ќе гледа за двајца, а не само за себе.
Да најдеш некој кој никогаш нема да се лути на твоите забелешки колку и да изгледаат смешно или непотребно.
Да најдеш некој кој ќе те почитува поради тоа што си, а не поради тоа што тој сака да бидеш.
Да најдеш некој кој ќе те гледа како да си единствена девојка на светов.
Да најдеш некој во чии раце пронаоѓаш дом од кој не би посакала да излезеш.
Да најдеш некој кој ќе ги чува твоите тајни како да се негови, и ќе ги споделува неговите со тебе.
Да најдеш некој кој ќе сака да прави ништо со тебе, а пак да му е убаво кога сте еден до друг.
Да најдеш некој на кој и твоето присуство му е доволно, само да си до него.
Да најдеш некој кој ќе те поддржува и ќе верува во тебе и твоите способности неизмерно.
Да најдеш некој кој ќе сака да чекори покрај тебе и во добро и во зло.
Да најдеш некој кој има искрени и чисти намери поврзани со и за тебе.
Да најдеш некој во кој гледаш пријател, рамо за плачење и партнер за глупирање.
Да најдеш некој кој не се плаши да биде свој пред тебе.
Да најдеш некој покрај кој ќе се чувствуваш најбезбедно.
Да најдеш некој кој ќе биде горд на твоите успеси како да се негови.
Да најдеш некој кој ќе сака да го споделува својот живот со тебе .
Да најдеш некој кој ќе ги сака твоите блиски како да му се нему.
Да најдеш некој кој ќе те држи за рака и ќе те чува како капка на дланка.
Да најдеш некој кој нема да ти се смее ако згрешиш, туку ќе ти покаже како е правилно.
Да најдеш некој кој нема да се буни ако се налутиш и за тотално банална работа затоа што те познава доволно.
Да најдеш некој кој знае која си и каква си, и те сака поради тоа.
Да најдеш некој кој ќе сака да те гледа како спиеш покрај него.
Да најдеш некој кој ќе те прободува наутро со сонлив глас и поглед кој вели: „толку ми е убаво кога се будиш покрај мене“.
Да најдеш некој на кој ќе му бидеш последна мисла пред заспивање.
Да најдеш некој кој ќе те чува како да некој друг ќе те украде од него.
Да најдеш некој кој ќе ги бакнува твоите маани и ќе ги лечи раните некој друг што ги направил.
Да најдеш некој на кој нема да му стане досадно слушајќи те со часови.
Да најдеш некој кој ќе сака ќерка му да личи на тебе.
Да најдеш некој кој ќе биде одличен татко и ќе посакаш твојот син да личи на него.
Да најдеш некој кој не може да ти биде лут подолго од еден час.
Да најдеш некој кој ти простува дури и кога ти е тешко тоа да го направиш самата.
Да најдеш некој кој заслужува да те види во најлошо светло и покрај тоа да му бидеш најубава.
Да најдеш некој кој ќе наоѓа слободно време само за да го помине со тебе.
Да најдеш некој кој ќе гледа во тебе сопатник, а не привремен патник кој го сретнал во воз.
Да најдеш некој кој ќе гледа во тебе дом, а не хотелска соба.
Да најдеш некој кој ќе гледа во тебе радост и тага и ќе одлучи со тебе и двете да ги дели.
Да најдеш некој кој ќе може да ги пробуди демоните во тебе, а пак да му бидеш Ангел.
Да најдеш некој кој ќе гледа во тебе и со насмевка ќе ти вели: „посакувам да те запознаев порано“.
Да најдеш некој кому ќе недостигаш во моментот кога се разделувате, а цел ден сте биле заедно.
Да најдеш некој кој нема да се плаши дека ќе го повредиш зошто тоа сигурно ти нема да го направиш.
Да најдеш некој кој никогаш нема да ти го скрши срцето.
Да најдеш некој кој никогаш нема да те повреди.
Да најдеш некој кој ги исполнува своите „ветувања“ преку делата што ги прави.
Да најдеш некој кој не ни помислува да те излаже затоа што знае дека така самиот се лаже.
Да најдеш некој кој ќе ги знае твоите слаби страни, а покрај него ќе станат адути.
Да најдеш некој кој ќе биде слаб и ранлив пред тебе, а истовремено ќе испадне најсилен во твои очи.
Да најдеш некој кој ќе ти ги брише солзите, а не предизвика.
Да најдеш некој кој во секое време ќе сака да знае што се крие во твоите мисли.
Да најдеш некој со кој тишината ќе биде најпријатна.
Да најдеш некој со кој се гледаш себеси после десет години отсега.
Да најдеш некој кој ти одговара и ги исполнува твоите „критериуми“.
Да најдеш некој, едноставно ако го најдеш него, да не го изгубиш никогаш.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s