tea-chair-blanket

Кога ми е ладно до степен што ми се чини дека и мозочната кора ми се смрзнала додека не се стоплам ни користењето на мислите не ми оди баш најдобро. Топлиот чај ја олеснува работата, а виткањето во топло ќебенце е неизбежна активност за операцијата наречена: „затоплување“. Кога ми стана потопло помислив како им е на оние кои не можат да си го дозволат ни овој малечок, но ќе речам огромен „луксуз“.
Во моментот додека чекаш да ти помине студот, ги триеш рацете затоа што ти се ладни чиниш си ги извадила од фрижидер, ако помислиш на некого, да знаеш дека таа е личноста што ти треба. Ако најмногу од сѐ посакуваш сега некој да биде до тебе, надевај се само дека и тој некој го посакува истото.
Кога есента ќе пристигне со неа пристигнуваат многу работи.
На пример, една од нив е чувството дека ќе бидеш продуктивен до крајот на годината кое се коси со огромната желба да останеш во кревет под ќебе читајќи книга или гледајќи филмови и серии. Всушност, и тоа е еден вид продуктивност ако гледаме малку пошироко.
За проширување на видиците треба да правиме работи кои претходно не сме ги правеле, да промениме или прошириме некоја наша секојдневна навика ако сакаме да забележиме промена и кај нас.
Постојат многу начини за да се стоплиме, едната од нив јас погоре ја опишав.
А, зошто никој не знае да објасни точно како се затоплуваше душата?
Можеби затоа што никогаш не ни била топла? Или можеби дека се плаши дека ќе ја препече ако ја стопли премногу? На душата никогаш не може да ѝ стане претопло!!
Може само да ѝ застуди премногу со надеж дека нема да се заледи и тогаш следи еден долг процес додека повторно да стане топла. Не може секој да ти ја стопли душата, како што не може ни да ти ја гали.
Топлото ќебенце некогаш не е доволно. Некогаш е потребно многу повеќе од тоа, многу повеќе и од три ќебиња.
Треба да го откриеш начинот со кој твојата душа станува потопла, и да го практикуваш често.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s