timeee.jpg

Во средина помеѓу овие две времиња, Сегашноста можеше само внимателно да ги слуша и мудро да донесува заклучоци затоа што знаеше дека таа е последица од Минатото, но и причина за настаните што ќе следат во Иднината.

Минатото: Зошто си секогаш непредвидлива и многумина се плашат од тебе?
Иднината: А, зошто ти си толку љубопитно, кога само им предизвикуваш каење на луѓето?
Минатото: Секогаш вака на прашање одговараш со прашање?
Иднината: Зависи од самото прашање. Некогаш одговорите стигнуваат покасно, но секогаш давам одговори, на сите прашања, без исклучок.
Минатото: Не знам кој од нас е позагадочен, но со сигурност знам дека луѓето не смеат  да живеат заглавени во нас.
Иднината: На што поточно мислиш?
Минатото: Затоа што Сегашноста е одговорот. Ние постоиме и заминуваме, денеска ќе стане утре, а утре ќе стане вчера. И јас и ти не постоиме. Она што постои е сегашниот миг, а него само Сегашноста го има. Морам да ти признам дека ѝ завидувам поради тоа.
Иднината: А, си помислило дека ние ги складираме тие сегашни мигови во нас? Вчера и утре ги имаат одговорите кои ние ги зачувуваме. Нели нѐ прави тоа подеднакво важни како и Сегашноста?
Минатото: Важни сме, но не пресудни. Ние сме само потсетници на нешто што изминало и на нешто што ќе дојде, ништо повеќе од тоа. Сегашноста ги има сите права и должности да биде прогласена за победник, ако веќе постои некаков натпревар.
Иднината: Јас не се согласувам со тебе во целост. Зошто ако не постоиме ние, нема ни таа да постои. Си размислило за тоа?
Минатото: Да, само што мислам дека залудно е да се натпреваруваме кој е најважен од сите нас тројца. Мислам дека треба да направиме еден договор.
Иднината: За каков договор станува збор?
Минатото: Убав и фер. На пример, да ѝ предложиме на Сегашноста дека ќе ги тера луѓето да живеат во неа, а никако во нас, но да ги задолжи никогаш да нѐ не заборават. Да се потсетуваат на нас и да не ценат подеднакво како и самата Сегашност.
Иднината: Затоа што ти си учител кој ги тера да учат од грешките за да не ги направат кога ќе настапам јас, додека јас сум нова шанса што ги тера луѓето да бидат подобри за да постигнат било каков успех.
Минатото: Сега гледам дека не е можно ние тројца да се натпреваруваме. Ние сме како три прсти на една рака што си ја вршат својата функција секој посебно, а сепак не можат еден без друг.
Иднината: Уште да го склучиме договорот со Сегашноста и мислам дека сме ја постигнале својата цел.
Минатото: Ако сака да се согласи. Тогаш мислам дека сѐ ќе биде многу поубаво. И најважно е колку ќе биде убедлива за да ја послушаат, за тие најмалку да се грижат за нас и да го прегрнат сегашниот момент.
Иднината: Само сегашниот момент ќе ги одведе на правото место. А, тие ќе треба да знаат да го искористат најдобро што можат и умеат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s