Момчето со бисерна насмевка

Момчето кое никогаш не можеше да биде видено без насмевка го нарекуваа „бисер“. Сите го обожаваа и уживаа да бидат во негово присуство без да забележат што крие неговата бисерна насмевка. Не дозволуваше да го „прочитаат“, мразејќи да објаснува што не е во ред реши тажното лице никому да не го покажува, зошто се увери … Продолжи со читање Момчето со бисерна насмевка

Записите за Џозефина (95)

Не ѝ беше потребна шминка за да изгледа убаво, потребна ѝ беше само добра волја и жед за љубов како и жед за љубов кон животот. Со тие две работи можеше карпи да поместува. И беше семоќна во тој поглед. Во нејзиното битие толку љубов беше збрана, што и за два живота ќе ѝ беше … Продолжи со читање Записите за Џозефина (95)

Да најдеш некој

Да најдеш некој покрај кого ќе бидеш потполно своја без да бидеш критикувана. Да најдеш некој кој би дал сѐ за да те гледа насмеана и прави сѐ за да ја задржи насмевката на твоето лице. Да најдеш некој кој би сакала да го гледаш насмеан дури и кога не е покрај тебе. Да најдеш … Продолжи со читање Да најдеш некој

„Есенски студ“

Кога ми е ладно до степен што ми се чини дека и мозочната кора ми се смрзнала додека не се стоплам ни користењето на мислите не ми оди баш најдобро. Топлиот чај ја олеснува работата, а виткањето во топло ќебенце е неизбежна активност за операцијата наречена: „затоплување“. Кога ми стана потопло помислив како им е … Продолжи со читање „Есенски студ“

„Средба помеѓу минатото и иднината“

Во средина помеѓу овие две времиња, Сегашноста можеше само внимателно да ги слуша и мудро да донесува заклучоци затоа што знаеше дека таа е последица од Минатото, но и причина за настаните што ќе следат во Иднината. Минатото: Зошто си секогаш непредвидлива и многумина се плашат од тебе? Иднината: А, зошто ти си толку љубопитно, … Продолжи со читање „Средба помеѓу минатото и иднината“

Записите за Џозефина (94)

На радио одеше нејзината омилена песна. Го зголеми тонот најмногу што можеше. Почна да пее како никој да не можеше да ја слушне. Телото ѝ се движеше во ритамот на нотите, не се грижеше дали некој ја гледа. Повторно ја почувствува детската леснотија. Се чувствуваше жива и олесната. Се наполни со позитивна енергија. Се испразни … Продолжи со читање Записите за Џозефина (94)

Записите за Џозефина (93)

  Утрото носи со себе нови шанси. Ноќта што видела, утрото може само да претпоставува, на што била сведок ноќта утрото никогаш не може да биде. Утрото носи со себе каења, а ноќта е сведок на тоа што претходело, утрото било попаметно од ноќта, затоа и се кае. Џозефина не можеше да се одлучи кое … Продолжи со читање Записите за Џозефина (93)

Записите за Џозефина (92)

Можеби небото знае колку е силна, ако тоа другите не можат да го видат, можеби небото знае колку е осамена, ако таа нема да го признае тоа лесно. Можеби небото знае колку е силна, ако некогаш и сама не е свесна, можеби небото знае колку е осамена ако никогаш не е сама. Можеби небото знае … Продолжи со читање Записите за Џозефина (92)

Записите за Џозефина (91)

  Перото со кое го пишуваше својот роман цврсто го држеше и не го пушташе, перото со кое го пишуваше својот роман беше највредното нешто што го поседуваше. Во романот самата беше главен јунак, ама и други имаа главни улоги, но никогаш не дозволи таа да биде споредена улога. Улогите секогаш ја предизвикуваа, ја тераа … Продолжи со читање Записите за Џозефина (91)

Записите за Џозефина (90)

Две ружи имаше во раката. Едната црвена, а другата црна. Двете беа со боцки. Ги чуваше и ги мирисаше. Се наоѓаше во воз. До неа имаше еден патник. Ликот не можеше да му го види. Патникот цело време молчеше. Не знаеше кон каде е упатена. Ни зошто ги држи ружите во рака. Ни кој ќе … Продолжи со читање Записите за Џозефина (90)

Записите за Џозефина (89)

Во собата со поглед кон море, се криеја тајни кои само вљубените ги знаеја, се криеја воздишки и безброј страсти, макар и во замислената соба која сигурно некаде постои и ги чека нив двајца, за тие да ја напишат нивната историја во неа, и да го насочат погледот кон морето кое сега беше мирно, а … Продолжи со читање Записите за Џозефина (89)

Записите за Џозефина (88)

  Златен ден со бисери осветлен, со убава мисла почнат, со насмевки збогатен, со златни сни обоен. Секој нејзин ден нов предизвик, со широко отворени раце пречекан, секој нејзин ден нова шанса, со промислена одлука прифатена. Секоја нејзина солза, со негови прсти избришана секоја нејзина насмевка со негови усни покриена. Секоја нејзина победа со пот … Продолжи со читање Записите за Џозефина (88)

Записите за Џозефина (87)

Никој не љубеше подобро од неа, никој не беше поупорен од неа, никој не беше посветен повеќе од неа, никој не стоеше на збор како неа. Никој како неа не умееше да сака, никој како неа не умееше да те допре, никој како неа не умееше да те прави жив, никој како неа не умееше … Продолжи со читање Записите за Џозефина (87)

„Лажни погледи“

  Не го познавам тој поглед повеќе. Некогаш беше полн со топлина, а сега се заледил. Погледот кој можеше да помилува сега може да те расече... Лажно е сѐ околу мене. Лажни се погледите, лажни се насмевките. Лажни сме ние. Насмевките кријат подлабоки приказни, а некогаш се обидуваат да ја сокријат тагата. Која е приказната … Продолжи со читање „Лажни погледи“

Записите за Џозефина (86)

66   Нескротлив дух кој не знае за одмор, непрекината песна која нема крај, непресушен извор кој не знае за суша, непобеделив борец кој не знае за пораз. Божествен лик со правилни црти, тело како да го вајал највештиот склуптор, бистар ум како да му припаѓа на генијалец, ѝ припаѓаше на Џозефена. И сето тоа … Продолжи со читање Записите за Џозефина (86)

„Земјотресот што буди“

Лежиш мирно. Или седиш спокојно. Можеби правиш нешто што е поразлично од лежење и седење, но чувствуваш мир. Потоа веќе си потонал во сон. И некому му текнува, односно на земјата ѝ текнува дека е време да прати знак и да те здрма толку силно, доволно за да се разбудиш и да видиш што понатаму. … Продолжи со читање „Земјотресот што буди“

Записите за Џозефина (85)

  Во радоста скриена во нејзините очи ќе ја спознаеш тагата која била присутна претходно, во моќта на нејзините зборови ќе ја препознаеш безначајноста на сѐ останато. Во радоста во нејзините очи ќе ја спознаеш детската искреност, во моќта на нејзините зборови ќе ја препознаеш вредноста на молчењето. Допирајќи ѝ го лицето ќе допреш цели … Продолжи со читање Записите за Џозефина (85)