newborn005.jpg-1331911259

Кога ќе дојдеме на овој свет многу јасно и очекувано е дека сите блиски се радуваат и го слават нашето пристигнување. Посебно горди се нашите мајка и татко кои се креатори на тоа новосоздадено за нив „чудо“ зошто не знаеле какво е прекрасно чувството да чуваш во раце нешто кое сам си го создал, нешто кое ти го променува животот од корен и никогаш повеќе нема да биде ист после твојот роден ден. И твојот роден ден не е случајно избран, знаеш?
И името што ќе ти го дадат не си го заслужил тукутака иако можеби некогаш си помислуваш дека изборот можел да биде поинаков. Но, со текот на времето си го засакуваш и тоа станува твое обележје и дел од твојот идентитет кој за ништо на светов не би го променил.
И знаеш дека од самиот почеток не си можел да одлучиш речиси за ништо значајно.
Ни за тоа кои ќе бидат твои родители, дали ќе имаш браќа или сестри или нема да ги имаш воопшто, во кој град ќе се родиш и слични подробности… Ако за сите овие работи човек не одлучува пред да се роди сепак постојат многу нешта за кои самиот тој донесува одлуки и кои се од круцијална вредност за понатамошните избори и случувања во животот.
За жал или за среќа никој од нас не се родил со можноста да биде имун на болката и на сите нејзини последици. За среќа затоа што всушност болката те учи како да се снаоѓаш во најтешките моменти и сфаќаш дека се преживува иако многупати мислиш дека е неиздржлива и неподнослива. За жал затоа што болката те учи како е да си мртов помеѓу живите, а ти впрочем си жив, ама како да не си, а пожив не си бил зошто болката знае многу добро да ти ги отвори очите дури и да не го посакуваш тоа. Почнав да пишувам за најубавата работа на светот – раѓање на човечки живот, а насловот се однесува на нејзината спротивност или крајната станица на нешто што се вика живеење.
Никој не знае која му е крајната дестинација и кога ќе стигне кај неа, ама со сигурност може да се потруди да си го направи патувањето исполнето и вредно за паметење. Секој си е креатор на својот роман, а тој сам од себе нема да се напише, затоа не дозволувајте некој друг да ви го чува перото и да ја пишува вашата приказна наместо вас, колку и да звучи клише фраза, подобро на време да биде прифатена и применета. Буковски многу добро знаел што изјавува и насловот на текстот малку променет е негова изрека која неслучајно ја употребив и ја модифицирав. Затоа што порано или подоцна секој од нас ќе го запознае нејзиното вистинско значење и ќе ја доживее вистинитоста која ја пренесува пораката, а не може да биде разбрана во целост додека не се доживее на сопствена кожа. Кога ќе успееш да ја разбереш во вистинска смисла тогаш значи си созреал, а како што кажав и претходно, болката е совршено добар начин за созревање и спознавање на вредноста на сопствениот живот. Колку пати си умрел до сега, а пак си останал жив? Тоа е тоа искуство кое си го надминал и преживеал и те прави тоа што си сега, а си мислел дека нема никогаш да бидеш. Тоа е оној момент кога сфаќаш дека ти си единствениот кој е одговорен за сопствената благосостојба и од тебе зависи сѐ, ти си креатор, ти си борец, ти си одговорен за себе и своите чувства, ти си сопствен херој…. Кога само ќе помислиш дека сам си се родил и на крај сам ќе заминеш од овој свет нели ти поминува низ глава помислата: „А што е тоа измеѓу“? Тоа е твојот животен пат и луѓето кои се дел од него. Тоа си ти и твоите избори, страдања, чувства, желби, потреби, мисли, ставови, постапки, одлуки, насмевки, солзи и сѐ тоа што произлегува од нив или им претходи.
Затоа што ти избираш како ќе ги преживуваш сите твои мали умирања и какво значење ќе им дадеш. Затоа што секогаш кога ќе умре некој дел од тебе, ти стануваш пожив и побогат.
Затоа што секогаш кога ќе посакаш да те снема, размисли за сѐ она што се наоѓа и случува измеѓу раѓањето и смртта и дали вреди да го доживееш како што прилега.
Можеби не се раѓаме по сопствена волја, но после првата воздишка и сите следни сѐ е наш сопствен избор. Можеби не одлучуваме кога ќе биде нашата последна воздишка, но сите останати среќни и болни воздишки пред неа треба да се слават и да се запаметат.
А, некаде ќе стои запишан бројот на твоите воздишки кои ќе потсетуваат дека некој некогаш и некаде живеел. А, дотогаш многупати ќе умреш пред вистински да починеш.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s