large

Лесно е да се откажеш,
тешко е одново да почнеш
и да продолжиш
кај што си застанал.
Лесно беше да ја гледаш,
тешко можеше да ја разбереш
ако не ти дозволи,
ако не ти верува.
Од неа нема да чуеш
„се откажувам“,
не го одбираше лесниот пат
никогаш.
Од неа можеш да очекуваш
неочекувано
и непредвидливо
кога најмалку се надеваш.
Лесно е да судиш,
тешко е да бидеш во туѓа кожа,
а тоа не ни можеш,
не ни сакаш.
Лесно беше да живееш,
тешко беше да преживуваш
ако немаш сили,
ако немаш средства.
И сѐ беше лесно,
ако ја имаш нејзе,
и сѐ беше достижно
ако ја чуваш до тебе.
И сѐ беше лесно,
кога си жив
и дишеш,
а имаш за што.
И сѐ беше лесно,
ако веруваш
и се надеваш,
а имаш во и за што.
И сѐ беше поврзано со неа,
и денот
и ноќта
и измеѓу.
И сѐ беше поврзано со неа,
и мислите
и постапките
и чувствата.
И сѐ беше поврзано со неа,
и минатото
и сегашноста
и иднината.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s