breatheunderwater

Крајно романтичен наслов нели? Викаат сум била романтична душа која се колне во љубовта, а јас би додала на која љубовта ѝ е религија и која без оглед на сѐ ќе ја слави љубовта до последен здив. И ова звучи крајно „како сакаш наречи го“ и превртувај очи, ама е чиста вистина и секоја чест за оние кои љубовта им е „движечка сила“. Нема поголема сила од неа, се колнам дека е така. Знае да руши кули и мостови, да урива градови и империи, да те дигне до него, но знае и да боли понекогаш. Таква ти е таа емоција, те тера да го загубиш разумот, нивото на интелигенција да си го израмниш со три годишно дете, да правиш работи кои во нормални околности не би ги направил и те исполнува душевно што е најважно и затоа сѐ ѝ се простува. Зошто те прави жив. А, ако дишеш без љубов исто како да не живееш. Знаеш зошто? Затоа што не си створен да мразиш. Не си створен да живееш без неа. Зошто мора да сакаш некого, макар било тоа љубов и кон самиот себе, без да се сакаш себеси не барај некој друг да го прави тоа место тебе. Гледаш зошто? Не биди строг кон себе, научи се да се сакаш себе за да знаеш како да ги сакаш и останатите.
Научи се да ја покажуваш љубовта што ја чувствуваш кон другите кога мислиш дека ти е тешко тоа да го правиш, не боли ветувам. Никој не изгубил ништо кога бил искрен и ја покажал и онаа емотивна страна, изгубиле тие кои не умееле да ја ценат искреноста и да ја проценат огромната доза на емоции упатени кон нив. Знаеш што? Впрочем љубовта е тивка, но викаат дека тивка вода – брег рони. Тивка е зошто можеш да ја криеш во себе, ама пак се познава. Тивко може да те убие само она што не си го искажал, а ќе те мачи она чувство на „што ако“. Тивко тлее во тебе, а ти чувствуваш вулкан од емоции. Не можеш да сокриеш тага што ти се чита од очите од луѓе што те познаваат како што не можеш да сокриеш дека љубов не постои повеќе во твоите очи кога ги гледаш очите кои те гледаат со топлина и надеж. Впрочем тоа студенило е најболно. Очите кои некогаш светеле кога биле вперени во тебе веќе го немаат истиот жар, а ти се прашуваш каде исчезнал. Не дозволувај да забележи дека го/ја гледаш со такви очи, зошто полека ќе го/ја изгубиш прашувајќи се дали некогаш тој жар повторно ќе се врати. Можеш да дишеш под вода? Епа така замисли дека живееш кога не љубиш. Го задржуваш здивот, но кога нема да можеш да испливаш на површина за да земеш воздух –потонуваш. Не го љубиш ни сопствениот живот? – Тогаш ти си само привидение кое мисли дека живее, но попусто. Најпрво вљуби се во она што го правиш, па научи се да се сакаш себе, потоа љуби ги своите блиски и тие нека го знаат тоа, љуби ги и пријателите кои не се случајно појавени на твојот пат, па потоа најди ја љубовта на својот живот и направете свет во кој двајцата ќе бидете подеднакво заљубени како еден во друг и не дозволувајте никој да го сруши тој свет тргнувајќи од себеси. Е тогаш веќе знаете дека сте комплетни, останатото само ќе се дополни и ќе ви покаже дека вие сте успеале, сте можеле да успеете и без да бидете комплетни, но тогаш би биле никој и ништо што и да постигнете.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s