Го знаеш она чувство кога мислиш дека колку повеќе „припаѓаш“ некому толку повеќе стануваш своја? Не припаѓање како некого да поседуваш, туку како желба да споделиш дел од твојот живот со него и твоите стравови и очекувања, надежи, мисли и планови…
Тогаш  дефинитивно јас повеќе своја никогаш не сум била. И сакам луѓето околу мене да бидат свои. И да припаѓаат некому, искрено и посветено. Зошто нема поголемо задоволство од тоа кога знаеш дека некому си ведро небо во неговиот тмурен ден.
Зошто знаеш дека постои некој кој те разбира и те прифаќа дури и во твоите тмурни денови и тогаш тој се обидува да ти биде ведро небо. Нема поголема среќа од таа. Кога знаеш дека баш поради тоа што си своја некој ти се восхитува и те сака покрај себе. Кога си доволно своја можеш да бидеш комплетно негова, а тој љубоморно ќе те чува и ќе внимава да не прекинеш да бидеш своја зошто тогаш нема да бидеш повеќе негова.
Го знаеш она чувство кога мислиш дека можеш да го „освоиш“ светот? Мене ми се јавува често неколкупати во текот на месецот и знаеш што? Не е тоа само затоа што сум доволно своја, туку затоа што сум и доволно храбра да преземам ризици и да ги следам своите соништа без да дозволам ништо да ми го попречи патот по кој сум одлучила да чекорам.
Го знаеш она чувство кога си сигурна дека ќе успееш? Кога си доволно своја цврсто веруваш во тоа, а знаеш зошто успеваш? Затоа што силно си верувала, а твојот труд бил уште посилен за накрај да си докажеш уште еднаш дека сигурноста во себе победила повторно и ти си своја уште повеќе. Уште повеќе стануваш своја кога тој се гордее со твојот успех како да е негов и те поттикнува да продолжиш да веруваш. Тогаш стануваш уште посигурна, уште повеќе ти се зголемува вербата дека можеш да постигнеш сѐ што ќе наумиш и го сакаш уште повеќе зошто ти дозволува да бидеш своја. Зошто не се плашиш да сакаш, не се плашиш да ги искажеш своите чувства, му дозволуваш да те храбри, силно веруваш во себе и упорноста никогаш не ја издаваш како што таа не те издава тебе, ете затоа сум доволно своја!

beauty-photogrpahy-Primo-Tacco (9).preview

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s