Прв ден од неделата, работната недела почнува токму со овој ден. Спаѓате во групата на оние кои ги мразат Понеделниците? Време е да го промените начинот на кој го доживувате самиот ден. Етикетата на „најлош“ ден во неделата му припаѓа токму на Понеделникот најверојатно од причина што тој следи веднаш после завршување на викендот и го означува стартот на новата работна недела. Доцнењето на работното место најмногу се случува токму на овој ден, што нели не е воопшто случајно. Кога би се прашувале повеќето кои се главни „хејтери“ на Понеделниците, повеќето би рекле дека тој ден треба да се прогласи за неработен. А, тогаш на Вторник ќе му припаднеше етикетата „најомразен“ ден во неделата? Многу нови работи се почнуваат во Понеделник, од започнување на нова диета, од започнување на „здрав живот“, „од Понеделник престанувам да пушам“ или „од Понеделник ќе почнам со вежбање“ или „од Понеделник редовно ќе посетувам читална“, звучи познато нели? Ако вие не сте го изјавиле, сигурно познавате некој во вашата околина кој редовно го користи овој ден како причина за започнување на некоја промена. Понеделник е мој ден. За разлика од порано кога спаѓав во групата која го мразеше, сега слободно изјавувам дека мојот став е комплетно променет и ако мразењето е на едната крајност од континуумот јас ја доживувам спротивната крајност која е обожавање. Зошто го обожавам? Затоа што ме потсетува на почеток, на нешто убаво, на нова шанса и надеж.  Па, не е тој крив што му е доделено првото место после викендот и мора гордо да се брани од лошите мисли кои му ги упатуваат оние кои го мразат и постојано да докажува дека не е и толку лош колку што ним им се чини. 🙂
За промена, погледнете го Понеделник како шанса за промена на подобро, па ако сте мразеле да станувате во 6 часот кога утрото после долгата ноќ ќе ви ѕвони алармот, сега почнете нешто кое ќе ве натера да скокнете од креветот уште при првиот звук на вашиот будилник за кој било ден да станува збор.
Среќен Понеделник!

Do-You-Hate-Mondays-blog-post

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s