Џозефина криеше нешто во погледот.
Овоземниот живот го правеше повреден.
Злото се трудеше да не ја допира.
Едноличноста ја правеше жива.
Фаталната реалност ја прифаќаше.
Иднината не ја плашеше.
Не знаеше за откажување.
Авантурите ги прифаќаше без размислување.
Посебна беше нејзината аура.
А, кога беше покрај него
Тогаш беше најжива.
Уживајќи во заемното присуство
Вистински се посветуваа еден на друг.
А, кога не беше до неа
Вистина беше дека му беше во мислите.
Обичниот ден го правеше специјален.
Сонцето како да светеше само за неа.
Единствената дамнешна желба што ја имаше замислено
Ќе ѝ се оствари порано или подоцна.
Ако ги следи своите соништа.
Велеше дека го живее својот сон.
А, никој не можеше да ѝ го одземе тоа право.
Њутновите закони стануваа неважни кога таа се движеше
А, крадеше скришни погледи
Така ненамерно и несвесно
А, секогаш се правеше дека не ги забележува.

large

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s