Речиси и да нема човек кој не ја сака музиката. Некого го инспирира, некој го сака текстот, некој самата музика, некој едноставно ужива во неа. Мене ми служи за опуштање и релаксирање, но и за полнење на батерии. Кога ќе ве погоди ритамот на некоја песна ако не можете, а да не почнете да мрдате со некој дел од телото, значи сигурно е дека вие сте страствен љубител на убавата музика.
Но, тука музиката и нејзината магија се користи за малку поинаква цел, т.е во малку поинакви околности. Хорот составен од доброволци им пее на луѓе кои се на работ на смрта. Тоа е помалку тажно, но самиот гест на тие доброволци ги ослободува луѓето, им дозволува слободно да ги пуштат емоциите, да искажат жалење и искрена тага која можеби сакаат да ја скријат од најблиските. Мене самиот концепт ми се допаѓа, па затоа сакав да ја споделам оваа сторија.
Можеби некој има сосема поразличен став и смета дека  последните денови од животот луѓето треба да ги поминуваат поинаку и дека тагата треба да се „лекува“ на поинаков начин, но и тоа е во ред.
Прочитајте за што станува збор овде:Хор им пее на луѓе кои се на смртна постела

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s