Сите сме под едно небо. Колку што постојат културни и општествени разлики помеѓу нас, толку постојат и сличности. Има потреба да зборувам дека сите се смееме, плачеме и тагуваме на ист јазик? Не е лошо да го повториме тоа ако случајно некој заборавил дека пред сѐ ние сме луѓе, а дури потоа следуваат улогите што ги добиваме во текот на животот. Најпрва улога што секој ја добива е улога на дете, па со текот на времето човекот научува да се однесува според пропишаната улога и знае дека ако прави нешто што е во спротивно од неговата улога, може да биде казнет или осудуван од другите и од општеството. Луѓето се адаптивни суштества, можат да се снајдат речиси секаде, но каде и да одат сонцето свети подеднакво за сите. Знаете дека сонцето не пребира кој може да го гледа и да ужива во неговото изгревање или заоѓање така? Па мислам дека сите треба да го следиме неговиот пример и да не правиме разлика помеѓу луѓето и да не ги делиме според ниту една карактеристика. За жал постојат и такви кои не уживаат во убавините на животот и си зацртале поинакви цели, па тргнуваат по лоши патишта и на крај и лошо завршуваат. Топ тема: терористички напади во неколку земји во рок од неколку месеци. Што направивме? Каде е човештвото во луѓето и зошто се одлучуваат за такви чекори? Зошто да си го одземам животот и покрај тоа да одземам животи на уште десетици други? Веројатно затоа што не сум си го ценел доволно сопствениот. Има подлабока приказна и веројатно подобро објаснување зошто луѓето се одлучуваат да ја искриват сликата за добрината на луѓето и зошто се одлучуваат да следат некакви идеали и системи кои се деструктивни, но тука не навлегувам. Веројатно таква е човечката природа стекната или вродена, за некои научници луѓето по природа се добри, за некои лоши, други пак објаснуваат дека луѓето не се „добри“ по природа, туку дека имаат моќност да се издигнат над својата природа и слично. Без оглед на кое тврдење поединецот ќе биде наклонет, факт е дека човекот има можност да одбира, не секогаш таа можност му е дадена, но во повеќето наврати самите сме креатори на она што ни се случува. За секоја можна одлука што јас ќе ја донесам јас сум 90% одговорна за последиците, а останатите 10% ги препишувам на околностите и на други непредвидливи фактори. Додека ги пишувам овие редови се прашувам дали барем некој ред ќе допре до некого до степен да седне и да размисли за својот живот, за одлуките што ги носи и општо за целото човештво.
Бидувајќи зафатен со сопствените обврски, планови, цели и проблеми човекот заборава да седне и да одмори и да се праша дали тоа што го прави го исполнува.
Викаат дека животот е тоа што ти се случува додека  не размислуваш за него, а јас би сакала да го поттикнам секој еден што ќе го прочита текстов да сфати дека треба да си го цени првенствено својот, а потоа и животите на другите зошто тие ни се најскапоценото нешто што сме го добиле. И сфаќате дека сите имаме две заеднички „цели“ кои се однесуваат на сите човечки битија без оглед на кој крај од земјишната топка се наоѓаме: да живееме и да умреме. Зошто цели? Затоа што на крајот сите нешта се сведуваат на нив две: цело време целта ти е да живееш најдобро што знаеш и колку што е можно да ја одбегнеш смртта или Фројдовски кажано (Ерос и Танатос) нагонот за живот преовладува во текот на целиот живот, но нагонот за смртта на крај секогаш победува, што значи дека крајната цел на секој човек (колку и да звучи сурово) е да умре. Да го пролонгираме колку што можеме подолго тој процес, а во меѓувреме да живееме.

sunshine

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s