„Повторно издигнување“

Пак паѓаш. И повторно стануваш. Во немоќта на сопствениот збор се гушиш и снемуваш воздух. Во длабочината на сопствените мисли потонуваш и се давиш. Во сржта на твојата душа лежат емоциите закопани длабоко. Во јасноста на ситуацијата наоѓаш парадокс. Во чистотата на музиката се измиваш и лекуваш. Во бесмисленоста наоѓаш одговор, во нихилизмот - севкупност, … Продолжи со читање „Повторно издигнување“

„Записите за Џозефина (74)“

Странец во ноќта. Крадец на туѓи погледи. Ќе се плашиш да ја изгубиш. Да не ти стане странец. Зошто само на ноќта ѝ веруваше. Се одмараше душевно во нотите на тишината и вдишуваше од звукот на темнината издишувајќи спокој. Странец во ноќта. Не дозволувај да ѝ постанеш странец. Кога веќе не си она што си … Продолжи со читање „Записите за Џозефина (74)“

Сонцето свети исто за сите!

Сите сме под едно небо. Колку што постојат културни и општествени разлики помеѓу нас, толку постојат и сличности. Има потреба да зборувам дека сите се смееме, плачеме и тагуваме на ист јазик? Не е лошо да го повториме тоа ако случајно некој заборавил дека пред сѐ ние сме луѓе, а дури потоа следуваат улогите што … Продолжи со читање Сонцето свети исто за сите!

Роденден му е на блогот!

Славиме 3 годинки. Пораснавме многу изминатиов период, направивме промена во насловот на блогот, па од „Светла точка во мракот“ сега сме „Крајбрежјето на два спротивни светови“ се обидувавме да бидеме активни колку што ни дозволуваше времето, но целата посветеност и работа придонесуваат за постојано зголемување на бројот на читатели и нивно уважување на нашата работа … Продолжи со читање Роденден му е на блогот!

„Записите за Џозефина (73)“

Ја разголи душата, а телото само ја пратеше, стави на тацна дел од себе и беше спремна да поднесе сѐ. Ја сокри тагата во нејзините очи, а насмевката помагаше во криењето, но, очите секогаш издаваа колку и да не ѝ се допаѓаше тоа. Ја препозна среќата во неговиот поглед, а тој мораше да не го … Продолжи со читање „Записите за Џозефина (73)“

„Имаш нешто твое?“

Немаш ништо свое, сѐ ѝ припаѓа нејзе, а пак си свој. Ја викаш моја, зошто знаеш дека е твоја, а таа не била повеќе своја. Тишината е најсилниот женски плач, но и најчујна машка ладнокрвност. Немаа што да изгубат повеќе, не се плашеа од ништо колку од осаменоста која сакаше да се вовлече онаму кај … Продолжи со читање „Имаш нешто твое?“

Кој е твојот херој?

Инспирирана од секојдневието решив да ви пишувам за херојството. Но, не за било кое херојство, не за храбрите подвизи на младите борци кои животи губеле за своите татковини, кои несомнено заслужуваат да бидат спомнувани и запаметени. Сега, да им дадеме место на сите оние херои во нашите животи кои заслужуваат гордо да ја носат таа … Продолжи со читање Кој е твојот херој?