Градиш мостови. Гледаш кој е спремен да ги руши само за да дојде до тебе. Намерно потонуваш во свој свет. Не должиш никакво објаснување никому.
Имаш право на автентичност. Не е нивна работа твојот живот! Ниту нивните животи се твоја работа! Гледаш пред себе, а некој веќе се гледа до тебе. Важно е покрај кого се гледаш ти. Остануваш доследна. На себеси. Најважно не си сама. Секогаш ќе има некој покрај тебе и кога нема да има. Никогаш нема да си сама. Сите што ќе одлучат да останат засекогаш ќе бидат покрај тебе и кога ќе си заминат… Или ти кога ќе заминеш, ќе тагува некој по тебе?
Ќе ја исполни ли празнината некогаш чувството на целосност? Што подразбираш под празнина?
А, кога си целосна? Кога си потполно своја и кога уживаш во сопственото присуство чувствувајќи се пријатно во своја кожа…Те погоди? Таков ти е животот.
Те гаѓа кај што те боли најмногу. Безмилосно ти ја црпи енергијата, ја цеди додека не се исуши и после тоа ти дава причина за повторно да ја наполниш. Магичен круг.
Од кој ќе ти здодее кога ќе наполниш осумдесет…И после само ќе чекаш кругот да се прекине, за да можеш да заминеш на раат. Магично се повторуваат и чувствата.
Прво плачеш без да знаеш зошто, а некој се радува. После плачеш затоа што те боли дека некој ја предизвикал болката. Понатаму плачеш од среќа, а некој не знае зошто плаче.
Понатаму плачеш зошто гледаш како ја боли причината поради која си плачел од среќа. И после плачеш зошто си станал рамнодушен. Рамнодушност покриена со солзи. Ама тивко, нечујно кога никој не те гледа и слуша. Зошто си рамнодушна и никој не би помислил дека ти некогаш плачеш. А, го правиш тоа често, за жал.
Никогаш нема да си признаеш колку си била строга кон себе. Барем не пред другите. Секогаш ќе те прати сенката од која никогаш нема да побегнеш. Твојата сенка. Гледаш дека не си сама? Секогаш ќе има некој покрај тебе и кога нема да има. Запомни. Ти ќе бидеш присутна и кога нема да те има.

1707282

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s