Ружа црвена? Не фала, јас би боцките. Го гледам виното црвено како крвта што ми тече во вениве и си помислувам: „тебе не ти е важно кој ден е денес, впрочем за тебе секој ден е створен за љубов“. И секој ден е создаден за славење на најубавото нешто што те прави жив, што ти дава поттик и те исполнува. Ружа црвена? Не фала, јас би вино и негови бакнежи. Постојат илјада романтични гестови кои секогаш ќе ми бидат поромантични отколку било кое цвеќе на светов. Не девојко, скапиот поклон и букетот ружи не се доказ за неговата љубов, доказ е усогласеноста на неговите зборови со неговите дела и сѐ што може да се почувствува длабоко, а не може да се замени со ништо на светов. И не е доволно само да се почувствува, туку и да се има храброст да се покаже и докаже духовно, а не материјално.
Ниедна градина со рози нема да биде поромантична од неговиот бакнеж на чело или држењето за рака додека шетате еден покрај друг.
Ниедна испиена чаша вино во самотија не може да се мери со онаа што ја пиеш во негово присуство.
Ниедни очи нема да те гледаат полни со љубов ако не им дозволиш, дури и да нема посебна причина очите што тебе ќе те бараат во гужва се оние кои вистински заслужуваат да те гледаат.
Не рацете што се полни со подароци, туку рацете што се шират за да те прегрнат.
Не лигавите ласкања и комплименти во коментари туку оние шепотења во увото пред да те бакне во врат.
И така драги винопијачи и пијани од љубов. Бидете секој ден исполнети со љубов и не чекајте да дојде некој посебен ден за да ја докажете и покажете.

images

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s