„Нека не знаат“

Што си повеќе од грешник, а помалку од човек?
Компилација од  анонимности, чекор до обилност и два до минимум.
Ножеви со прекор на врвот. Исповест без покајние. Труло колку и сам тој.  Труло како прекор на ножот, како острина од очи. Како озон, како чад. Еден поглед за да наумиш, еден за да заборавиш.
Сила те влече надолу, ти ја прекоруваш. Посегнуваш по потенцијална енергија, не знаеш дека стабилноста е земја.
Остани со гордост.
Колку повеќе денес, толку повеќе за утре. Сврти образ, малку болка, на онај другиот. Оган со оган. Поинаку немој, поинаку ќе гориш.
Опиена страст, заспан морал.  Те успиваат. Капаци те издаваат, уста затреперува, ништо повеќе од грешник, затоа што така рече, зашто така учиш.
Хоризонт со попречена светлина, јони попречуваат зрак, ти попречуваш зрак. Контракција од затреперен мускул рече: „Умри“.
Сенка со пригушливоста на бледа боја и зголемување на модул на зеница, не поради восхитеност од видното поле.
Страв во облик на сублимиран гас во шуплини на коски. Стануваш тоа што си во тебе, а ти си тоа што го правиш за време на војни во внатрешноста. Надворешноста не те издава само ако ти сакаш. Ти си сѐ што сакаш.
Сенка исчезнува, збор останува. Тоа е сѐ што гледаш. Гледаш оти не знае, оти не знае дека Дениција живееше додека тој умираше. Прекор и неверување.
Знаеш многу, но не она во шуплините на зборот, а кажува многу и уште неизговорен. Тој не знаеше ништо. Го беше чул, не го почувствувал. Гледал со очи, срце му закоравило.
Греши и многу ќе направиш. Извајана восочна фигура со умствена машина, извајана со грешки, создадена за грешки.
Зборувај, нека не те разбираат.
И нека не знае, нека не знае дека месечината умира, за сонце да се роди, дека ден згаснува за ноќ да се роди. Нека не знаат!

црна

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.