Здраво повторно! Пак јас. Убавииот ден и времево надвор не само што ми предизвикаа насмевка и желба да излезам надвор, туку и ме натераа прво да седнам и да напишам неколку редови, чисто за да го освежам блогот, а и вие да имате што да читате.
Овде нема давење со политика и слични работи на неа што го оптеретуваат човекот, а и покрај тоа таа е најпопуларна тема на социјалните мрежи. Затоа што заслужувате да „вдишете“ малку поинаков воздух од оној што е пласиран во медиумите ние сме тука за вас овозможувајќи ви да ѕирнете малку подлабоко во нашите мисли, да си го направите секојдневието барем малку поинтересно и поразлично. Нели сите се изморивме од политика и криминал, од постојани жалења и негодувања, протестирања и контрапротестирања? На човекот му е потребно освежување и одмор од такви теми, барем на кратко. Факт е дека не може да се остане имун на сите случувања, ама нека тие случувања не влијаат врз квалитетот на вашиот живот.
Реков убав ден така? Сега сме 1ви Февруари, а времето надвор е како Пролет. Убава промена нели? И како времето да сака да ни каже дека време е да се сменат некои работи односно конкректно како да сака да ни каже дека е време да бидеме попозитивни и порасположени. Да земеме пример од него. Како што тоа може да биде топло и сончево среде Зима (барем календарски уште е) така и ние можеме да бидеме насмеани и во најтмурните денови. Мој предлог: ставете си насмевка на лице секогаш кога излегувате од дома, таа е најдобра „облека“. Знам дека некогаш е тешко да се задржи на лицето, но вреди ако се обидеме да ја задржиме.  Оваа ми е омилена фраза. Не можам да се сетам дали ја имам прочитано од некаде или сама си ја измислив, ама позитивна е. Всушност целата работа е како гледаме на работите. Знаете на што мислам нели? Ние сме рефлексија на она што го мислиме и правиме, па ако се наоружаме со позитивни мисли и такви работи ќе ни се случуваат. Ако правиме добро, по некоја логика би требало и нас со добро да ни се враќа иако во пракса ова секогаш не излегува точно (чисто за предупредување), но тоа не треба да нè  спречи да продолжиме да правиме добри работи.
Рековме тука нема место за негативности. Тука „доаѓаме“ и „доаѓате“ за да избегаме од секојдневните грижи и да се опуштиме барем на кратко, па затоа сметам дека нема поента да се троши време и енергија на теми кои нè оптеретуваат, барем не во вакви убави денови. Има денови и кога е неизбежно да им се остави простор на таквите теми, но искрено се надевам дека таквите денови ќе бидат поретки. Време е за нешто убаво. Под нешто убаво подразбирам сè она што ви претставува задоволство и ви црта насмевка на лицето. Сами одлучите дали сте спремни за нешто убаво, а јас мислам дека сте во секое време. Секој миг е важен, секоја минута може да ви го промени животот. Немојте да ја потценувате моќта на времето. Секој ден е добар за насмевка, секој сончев ден (како денес) заслужува позитивизам и оптимизам, па и секој друг помалку сончев ден исто така.
Насмевнете му се на денот (што и да подразбирате под ова) и ако сакате тој да ви се насмевне вас правете работи што ве исполнуваат до максимум.
Јас моментално правам работа што ме исполнува: пишувајќи ги овие редови како да си се обраќам на самата себе, а сфаќам дека и некој друг ќе има можност да ги прочита моите мисли. Не ја потценувајте моќта на мислите. Тие се едни од оружјата на кои треба да бидете горд сопственик. И насочувајте ги правилно!
За убав ден, со убава мисла. Така ви реков овојпат, а од вас очекувам да останате убави какви што сте.

bem-estar

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s