image

Ја гледаш неа,
како да се гледаш себе,
го бараш сопствениот одраз
во незјиниот лик.
Гледаш младост,
сјај и ведрина,
жар што тлее
и не згаснува.
Еден ден стаклото ќе се скрши
а сјајот ќе го снема,
ќе останат само парчињата,
скршени.
Ќе ти направат рана,
ќе те убијат,
а пак ќе бидеш жив,
ќе те расечат,
а крв нема да протече,
ќе те здоболат,
а нема да испуштиш крик,
ќе те ранат длабоко,
а лузната нема да се гледа,
затоа што е скриена,
закопана длабоко,
нечујно и невидливо,
те боцка,
ти го скокота телото,
те гребе,
ти ја црпи енергијата,
за ти пак да си жив,
а како да не си.
Да се чувствуваш жив,
кога низ лузната тече нејзина крв,
да земеш здив
и името нејзино да го издишеш,
да замижеш
и очите нејзини да ги видиш
и никогаш да не заборавиш
како изгледа тоа лице од стакло.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s