„Градиш илузија“

Градба од честички, живот на атом. Концепт со хаотичност и конфузија. Пасивна активност со заостанато придвижување.
Превез од сомнежи на свет, градени од ништо и не вчера.  Градба на ограничен скулптатор воден од монологот. Спектар со нијанса на една боја иста ко вчера, а различна од утре.
Верба во сплет од пишана мисла и нота.  Градба на мисли и разум.
Крупна бесконечност, ситни граници на сите страни. Уривај, гради, преправај, уништувај. И оставај урнатини. Да те здоболат оти си жив. Бучава од проклет заборав, кутија пепел.
Проклет како Феникс. Проклет оти  ти се враќа. Лик на огледало, реален или создај го. Со линии, со испрекинати, превртен. Оти е илузија, оти не постои.
Придвижувај се во динамика на тон, во темпо на мисла и биди над него. Во последна секунда, со последен здив. Ќе се издигнеш, паѓајќи, па ќе го измориш. Твој е.
Не криј го ножот, покажи го и забиј го однапред. Ќе те мразат, па величат. Најди излез од кружница и движи се. Биди орбитала, тежок пронајдок, битен факт.
И кога болиш и те болат е возвратена услуга. Вие постоите.
Огорчени од сентименталност,  заковани емоции. Грч од ладно. Имуни на страст, закован ентузијазам.  Паралелни линии, многу сличности, а неспоиви. Свет од илузија и ништо повеќе. Цифри и само цифри. Почеток нека ти е денес, уривај. Крајот нека те изненади, гради.
Стаклено ѕвоно од  цел универзум. Ништо не е против тебе освен самиот ти. И ќе се издигнеш зашто ќе пагаш. Ќе се издигнеш зашто ќе научиш да стануваш.
Релативноста е апсурден поим без разум и срце. Колку и да се движиш, спрема нив тапкаш во место, никогаш обратно. Запомни, ќе те величат.
Не престанувај. И да нема, создавај апстракција.  Само движи се. Утре ќе те величат.

11351222_972570522761630_4730213711531872020_n

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.