Без глас зборуваше,
премолчуваше,
а сепак
сè кажуваше.
Без солзи плачеше,
се насмевнуваше,
а одвнатре
се распарчуваше.
Растргната меѓу јавето и сонот
не си го слушаше сопствениот глас,
како да слушаше крик
на кој не можеше
да му го разбере значењето.
Говореше тивко и полека
додека вулканот од емоции
ровареше во нејзе
и готов беше да еруптира.
Злите јазици не ја допираа,
гледаше пред себе и за себе,
затоа што на крајот
таа самата на себе си беше најважна.
Вдишуваше надеж,
знаеше дека убави работи
допрва следуваат,
а таа беше спремна да ги пречека.
Слушаше несреќи се случуваа,
згаснувале животи,
имало повредени,
слушаше неправди,
голташе лаги
и упорно ја величеше вистината
трагајќи по неа,
правејќи се глува и слепа за сè околу неа
затоа што реши да го слави животот.

large

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s