Кога се во прашање големите умови, секогаш е задоволство да бидеш инспириран од нивните биографии, достигнувања, постигнувања, откритија, изуми и пронајдоци, го знаете тоа задоволство нели? Кога се полните со мотивација воодушевувајќи им се на нивните успеси и кога се инспирирате поради нивните животни приказни кои не биле нималку лесни. Воодушевувачки нели? Ама, за да не биде сè така глатко и кристално „совршено“ тука е другата страна на медалот која вика дека за жал постојат и други умови кои никако не се вредни да им се посветува внимание, тие нивното доволно го посветуваат на небитни работи, на работи кои не би требало да ги засега, на работи кај што не им е место, на работи кај што не треба да си го пикаат носот… Да, тие умови се ограничени и на нив многу им е поважно да разберат зошто тревата на комшијата е позелена од нивната, додека оние големите умови од што се преокупирани со одржувањето на сопствената трева, немаат време да се замараат со туѓата, ја гледате разликата нели? Малите и ограничени умови нема никогаш да те поттикнат на длабоко размислување, напротив, ќе ти сервираат „рекла-казала“ муабети и ти затоа што се разликуваш од нив ќе зажалиш за потрошеното време на тотални небулози што за други луѓе, што за нив самите. Лаги, измислици, трачеви, сплетки, конфликти и еден куп ограничувања се дел од секојдневието на ограничените умови. Чудо е што не се уморуваат од живеењето туѓи животи, како да не им е доволен нивниот кој не го ни живеат во потполност. Марионети на туѓите размислувања без свои убедувања и сфаќања, слепо следење на некои авторитети, некритички став кон ништо значајно или тотално критички став без никава соодветна аргументација за нештата, без свој поглед кон светот и негово разбирање, од површни муабети до смешни измислици кои ги зачинуваат нивните и така досадни животи. Не им замерувајте на овие умови, верувајте дека ни самите не се свесни за заблудата во која живеат. Заблуда која ги турка во поголем очај од оној во кој се западнати и ги тера да ги зачинуваат нивните верзии од приказната, само за да се прикажат во подобро светло. Оние умови кои ги омаловажуваат и оцрнуваат другите пред очите на другите зборуваат многу за себе и за нивната ограниченост, ништо повеќе! Не им замерувајте што не се заинтересирани да си го средат својот живот па сакаат да го „средат“ вашиот, не им замерувајте затоа што ако ви пречат значи дека не сте како нив и имате далеку поинакви видици од нивните. Продолжете да си ја наводнувате вашата трева без да ве интересира дали на комшијата му е позелена, ограничените умови посекако го прават тоа и за вас.

1125brain

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s