Мислите дека животот почна да ни се загрозува само поради загадениот воздух? Па драги мои сте се излажале затоа што душите на некои поединци се далеку позагадени од воздухов што го дишеме. Ако сте озрачени со нивниот отров што го испуштаат навистина е жално, спасувајте се навреме.. како знаете и умеете, ама во никој случај немојте да дозволите да се отруете поради нечиј отров кој е толку отровен што дури и змијата би позавидела.

Не треба да чекаме да добиеме аларманти податоци за да почнеме да се грижиме за нашето здравје и здравјето за блиските, тоа треба да се прави континуирано без да бидеме предупредени и уплашени од страна на „стручњаци“ и медиуми. Свеста за сопственото здравје нема да се подигне преку преплашување или претерано алармирање со информации од типот: „Ако не се преземе ништо, сите ќе умриме од канцер на бели дробови“. Еден ден сите ќе умреме да. Јасно како ден. Уште појасно дека сите нема да умреме поради иста причина. А, дека ситуацијата е загрижувачка, тоа е несомнено. И дека ризикот е сега поголем за да стане точна премисата дека ќе умреме од рак на бели дробови е точно, но дали и од тоа треба да правиме огромна фама и да носиме дополнителна загриженост кај луѓе кои се доста оптеретени со други грижи? Па ако е во прашање општото здравје, здравјето на сите жители и ако со нешто се загрозува нашиот живот сосема е нормално да се преземе и направи нешто околу тоа. Жално е што приоритет се некои „гласини“ или податоци од реални шоуа, жално е што повеќе внимание им се посветува на таквите информации и жално е што луѓето повеќе ги интересира кој бил победник на „Големиот брат“ отколку дека воздухот што го дишат е загаден. Забораваат дека утре кога шоуто ќе заврши, нив воздухот сè уште ќе им треба, а ќе го дишат загаден со не знам колку илјади загадени честици и слично и пак нема да преземат ништо. Сечиме дрва, садиме други еднаш годишно, без да обрнеме внимание на фактот дека дрвјата испуштаат кислород кој ни е животно потребен (факт што се учи во основно училиште), а пак ним потребни им се повеќе години за да нараснат и да почнат да произведуваат кислород. Тоа значи дека треба да бидат засадени повеќе дрвја отколку пресечени, а кај нас не знам колку се почитува ова правило. „Засади ја својата иднина“ не се огледа само преку садење на дрва, треба да се обрне многу поголемо внимание за грижата за околината затоа што таа е нашата иднина. Ако континуирано ја загадуваме нашата средина, ако се однесуваме кон природата неблагодарно и без почит, немаме право да очекуваме и дека таа ќе ни врати со добро. Ако ја заштитуваме и ако сме доволно свесни колку ни е потребна чистата и здрава животна средина, светот би бил многу подобро место за живеење. Но, вистината е дека постојат, и да и денес сè уште постојат поединци кои се однесуваат тотално неодговорно кон речиси сè што ги опкружува и вистина ќе биде следствено на тоа дека нив нема ни да ги интересира нивното здравје и уште потажна вистина е дека нив ништо нема да ги промени и не можеме ништо против тоа. Впрочем, нивен живот, нивни одлуки, ама додека свеста за целокупното здравје и грижата за здрава и чиста средина не е развиена на високо ниво, нема да имаме здрава иднина. А како ќе се подигне свеста? Преку ноќ нема сигурно. Културата и вредностите поврзани со грижата за здравјето и природата се учат уште од мали нозе, ама нажалост сите ја немаат добро усвоено таа животна лекција, а последиците ќе ги сносат идните генерации како резултат на себичноста на нивните предци.

download

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s