„Не е важно каде си, туку со кого си!“

download

Еј имам нешто важно да ви кажам! Не, не е нешто што не го знаете, ама да ве потсетам дека за некое време и ќе ја испратиме старата година и ќе ја пречекаме новата. Што е она што ме иритира многу овој период?
Ако ги ставиме настрана различните видови храна кои се подготвуваат по повод празниците и желбата да јадеш, а да не се здебелиш и се трудиш да бидеш умерен во сè што ќе ставиш в уста за да не ти пропадне целиот труд што си го вложувал цела година ќе дојдеме до едно многу важно, најчесто поставувано прашање периодов: „Каде за нова?“
Од прашањево се ежам, не знам за вас. Но, ова прашање е најупотребувано, најдосадно и најиртирачако на крајот на Ноември и речиси целДекември. Покрај тоа што неколкумина веќе ми го имаат поставено, почнав и во јавен превоз да слушам како луѓето си го поставуваат едни на други. Зошто сте толку љубопитни? Кој кај ќе слави не е толку важно ако не планирате да славите со него. Всушност што славиме?
Премин од една во друга календарска година во ден кој е обичен и ист како и сите претходни само што сега сите се дотерани и средени со расположение на ниво, а задолжителен додаток за најзагреаните се светки, украси и триста новогодишни чуда. И тука ја додаваме музиката, која е весела, па се играат ора, па чочеци чиниш свадба се прави, не обичен дочек.
За оние кои остануваат дома има специјално изготвени новогодишни емисии кои се снимени месец дена порано и на кој канал и да свртиш ќе ги видиш истите фаци само со различна облека 🙂 .Иста атмосфера, разиграни и распеани луѓе, со маси полни со храна и пијалок.
Најинтересни се тие новогодишни  и желби и ветувања дека она што не си успеал да го направиш во изминатата година ќе го правиш во следната и се така во круг. Си ветуваш дека во новата ќе почнеш да штедиш, дека ќе учиш повеќе и дека сè ќе положиш на време, дека ќе успееш да симнеш некое кило и дека ќе почнеш да вежбаш и слични примери.
Нека не биде новата година потсетник дека е време нешто да се промени, треба да се дејствува преку цела година и да не се прават работите: „од утре“ или „попосле“ затоа што од  „има време“ и „може да почека“ си патиме!Што е најважно од сè? Да си поминеш убаво, да останиш доволно трезен за да можеш да си се вратиш дома и да не се прејадеш!

На крајот на краиштата, не е важно каде ќе ја чекаш, туку со кого!Нека новата година ви биде исполнета со радосни моменти и успеси во сите полиња. Памтете ја 2015та само по убави работи. До следно читање!

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.