images

Каде заминавме? Каде замина светот? Тука сме, во место стоиме и не мрдаме. Светот е само подложен на човечки експеримент за да се увериме дали може да се справи со сите човечки зла и злодела. Ама и нему ќе му здодее верувајте. Ќе му здодее и ќе не казни. Ќе не казни со најлош можен начин, а веќе почнува да ни се одмаздува полека.
Каде стигнавме? До кога ќе го храниме лошото? Не стигнавме далеку. Можеме многу да постигнеме доколку сме почовечни и посолидарни едни кон други, но одлучуваме да се бориме сами и да се гледаме сите како противници и конкуренција наместо сојузници. За една иста цел која може да се постигне со здружени сили, ние одлучуваме да се натпреваруваме и да се докажуваме дека сме подобри од другите! Лошото мислам дека е веќе прејадено. Уште малку па и ќе почне да повраќа. Мислам дека многу го здебеливме, па сега редно е веќе да го нахраниме човечкото во нас, да ја развиеме хуманоста и да бидеме луѓе. Зошто е толку тешко да си човек? Да си човек можеби е најубавата работа на светов, но зошто да биде премногу тешко да останеш човек во вистинска смисла на зборот? Затоа што за да научиш да бидеш човек е најтешката лекција која ти ја сервира животот. Бесплатна е, ти носи многу лузни, те носи пред предизвици, те учи како да паднеш, ама и ти покажува начини како можеш одма да станеш, те тера да ја научиш најтешката лекција на многу тежок начин, само како што може да направи лекцијата на животот. И како ќе знаеш дали си го положил тестот? Кога ќе станеш помудар и посилен од претходно. Кога нема никому да му дозволиш да ти ја извалка чистата душа, кога правиш добро и не очекуваш ништо назад. Кога доволен причинител за среќа ти се најмалите навидум „ситници“ кои не можат да се купат со пари. Кога ги вреднуваш вистинските работи во животот и многу ти е поважно духовното богатство отколку материјалното. Кога ќе одлучиш да се прифатиш себеси со сите твои лузни, со сите проблеми со кои се соочуваш, со она целокупно што те прави тебе „ТИ“, со она што те разликува од останатите. Кога ќе се соочиш со реалноста која многупати знае да боли, кога ќе научиш да се справиш со секој товар што ти го носи тестот наречен живот, тогаш ќе знаеш дека си положил.

Да спомнам дека секојдневно сме изложени на црна хроника, лоши информации и вести од цел свет? Некако, како да сме претерано сконцентрирани на негативното, недозволувајќи им на убавите работи да допрат до нас колку што допираат негативните. Дали тоа значи дека побројни се оние настани кои се немили од оние поубавите? Или ние не им даваме доволно шанса на убавите работи само затоа што сме преокупирани со црнилата кои се случуваат на секој агол. Секој втор статус на фејсбук или по други социјални мрежи е црна хроника. Како луѓето да имаат потреба постојано да се жалат преку статуси објавувајќи негативности. Дури и оние среќните и весели вести остануваат неприметени доволно, дали можеби не се доволно интересни за разлика од другите? Можда полесно им е да критикуваат отколку искрено да честитаат, можда се претерано заглавени во „црнила“ станујваќи слепи за сите убавини околу нив. Мораме да го смениме тој став. Ако не се почне од некаде, уште ќе си стоиме во место. Стоиме секако, и вака и така. Ама барем да бидеме сигурни дека тлото на коешто стоиме е цврсто.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s